(ВИДЕО) Костадинов: Македонскиот идентитет е заштитен, сторивме се, на ред е ЕУ да испорача

Од:

„Јас сум лично секогаш бил оптимист , знаат граѓаните , знаете и вие новинарите дека Република Северна Македонија направи се што требаше во однос на интеграцијата во ЕУ. Она што е важно е меѓународната подршка којашто е евидентна, деновиве ја добиваме буквално од цела Европа, се надевам на позитивен исход искрено но останува да видиме утре, 22 јуни конечната одлука да ја слушнеме“, одговори на новинарско прашање, Костадин Костадинов, портпарол и пратеник на СДСМ.

„Кога станува збор за процес на интеграција и разговори за одреден билатерален проблем и кога разговорите траат за разлика од ВМРО-ДПМНЕ којшто буквално се се обидуваат да изнесат на јавна сцена, сметам дека во ниту една демократска развиена држава таквите процеси којшто се од особена важност во исклучително важни моменти треба да бидеме трпеливи и да ги оставиме. Она што е важно и она што граѓаните го знаат и она што грѓаните веруваат е дека на секој можен начин се заштитени македонскиот идентитет, македонскиот јазик но силно веруваме во европската иднина на Република Северна Македонија“, додаде Костадинов.

Би можело да ве интересира

Филипче: Мицкоски да одговори зошто со законски измени се брише одредбата за уплата на 6% во вториот столб?

Бројките се немилосрдни и ги демантираат СДС, ДЗС вчера објави дека реалната нето-плата во септември пораснала за над 5%

СДСМ: Крпен живот, кошничката се доближи до 71.000 денари – само за храна се потребни 26.000 денари

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и СДС продолжуваат со лагите и манипулациите за Алта банка, овој пат јавната аукција сакаат да ја претстават како тајна зделка

(ВИДЕО) СДСМ со амандмани бара 2.500 денари повеќе месечно за студентски оброк и стипендии од 8.000 денари

СДСМ: 51 милион евра не се префрлени во вториот пензиски столб – кривична одговорност треба да започне од Мемов