(ВИДЕО) Костадинов: Извршителот Мицкоски е против ЕУ и против напредокот, ВМРО-ДПМНЕ е за изолација

Од:

„Само извршителот Христијан Мицкоски и криминалната ВМРО-ДПМНЕ се против интеграцијата, против напредокот и успехот на државата.

До толку Мицкоски е против сопствената држава што и најпозитивниот Извештај на Европската комисија го прогласи за лажни вести.

Од толку ширење лаги, ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски веќе не знаат што е вистина, ти се заглавени во матрицата на лажни вести.

Се потврдува секој ден, извршителот Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се за изолација и враќање назад, СДСМ е за интеграција и напредок. Тие еден чекор назад, ние три напред“, вели Костадин Костадинов, портпарол и пратеник на СДСМ.

„Извршителот Христијан Мицкоски е поразен од европските успеси на државата, од успехот на политиките на СДСМ и Зоран Заев.

Благодарение токму на тие политики, денес сме чекор поблиску до одлука за почеток на преговори со Унијата.

Докажавме дека со СДСМ и Зоран Заев, НАТО и Европската унија се реалност. На овие избори ќе се судрат два целосно спротивни концепти.

Од една страна концептот на извршителот Мицкоски за враќање назад, односно концептот на минатото и овој на СДСМ за продолжување напред, односно концептот за иднината.

СДСМ нема да отстапи од градењето европска иднина за државата. Имаме визија, храброст и одлучност да продолжиме по правиот пат и тоа ќе го сториме.

Продолжуваме уште посилни и похрабри по победата на 12 април. Заедно со граѓаните одиме напред, одиме кон ЕУ!“, изјави Костадин Костадинов, портпарол и пратеник на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Документите за Груевски во Правда се „институционално“ заглавени или намерно блокирани

Кузеска: Груевски мора да одговара пред законот

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Филипче се без концепт

СДСМ: Денес го одбележуваме Светскиот ден на слободата на медиумите, но во Македонија овој ден не го славиме туку го преживуваме

СДСМ: Судот ги доставил документите за екстрадиција на Груевски, зошто Филков ги држи во фиока?

(ВИДЕО) Кузеска: Обвинителството да отвори истрага за кинеските пари од унгарскиот кредит

Горан Наумовски