(ВИДЕО) Костадинов: Иванов да го прекине молкот за становите на неговиот син

Од:

„Ѓорге Иванов со денови молчи и се крие од јавноста. Тоа е однесување на нечесни политичари чие што време помина.

Иванов да го прекине молкот за информациите дека неговиот син купил два стана од над 200 квадратни метри на атрактивна локација на Водно и да им одговори на граѓаните.

Со кои пари неговиот невработен син ги купил становите на Водно“, праша Костадин Костанинов, портпарол на СДСМ и пратеник.

„Ако становите му ги купиле неговите родители, тогаш зошто не се пријавени во анкетниот лист?

Особено што се појавија информации кои говорат дека во истата зграда на Водно, два лукзусни стана купил и шурата на Иванов.

Во една иста зграда на атрактивна локација дури четири станови припаѓаат на членовите на семејството на Иванов.

Иванов е пример како не треба да се однесува политичар кој е избран и треба да им служи на граѓаните.

Дел од истата нечесна структура е и Гордана Силјановска – гордата застапничка на деструктивните политики на ВМРО-ДПМНЕ, на Никола Груевски и Христијан Мицкоски.

Силјановска и Иванов бранат насилници и криминал и двајцата работат против интересите на граѓаните и државата.

Граѓаните нема да дозволат нов Иванов во ликот на Силјановска кој ќе работи нечесно и спротивно на државните интереси“, изјави Костадин Костанинов, портпарол на СДСМ и пратеник.

Би можело да ве интересира

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

(ВИДЕО) СДСМ: Директорка на училиште и нејзин помошник се коцкале во казино за време на екскурзија во Монте Карло

(ВИДЕО) Цветаноска: Ребаланс затоа што нема пари за плати и пензии

А1он

Жерновски: Фон дер Лајен му ја зеде лагата на Мицкоски за идентитетот – сега намерно разгорува тензии пред средбата во Бугарија

(ВИДЕО) Филипче: Фон дер Лајен ги разобличи лагите на Мицкоски за македонскиот идентитет

А1он

Каранфилова Пановска: Оризот се откупува за понижувачки 16 денари, оризопроизводителите не ги покриваат трошоците