(ВИДЕО) Костадинов: Да не беа блокадите на ВМРО-ДПМНЕ, ќе започнеше изградбата на Клиничкиот центар

Од:

Да бидеме искрени пред граѓаните, тие добро ги следат сите чекори наши како политичари и вреди да се спомне дека доколку барем за миг ВМРО-ДПМНЕ и пратеницитена ВМРО-ДПМНЕ размислуваа за интересите на граѓаните а не размислуваа исклучиво за дневно-партиските политики Клиничкиот Центар досега ќе беше и готов, одговори на новинарско прашање, портпаролот и пратеник на СДСМ, Костадин Костадинов.

„Партијата којашто 11 години ги лажеше граѓаните дека ќе изгради нов Клинички Центар не успеа во тоа и денес кога имаме законско решение кое што обезбедува изградба на нов и модерен Клинички Центар после 80 години како најголема капитална инвестиција во јавното здравство ВМРО-ДПМНЕ тоа го кочи и го опструира. Зошто?! Заради интересите и заради заштита на криминалците во таа нивна бела палата.

Со сигурност ги уверувам граѓаните дека не може да бидат личните хирови на Христијан Мицкоски приоритет во оваа држава. Со нив или без нив ќе направиме се што е законски возможно и оправдано и деловнички во рамки на парламентот за конечно да се донесе законот за изградба на нов Клинички Центар и конечно граѓаните после 80 години да дбијат нов, модерен Клинички Центар согласно сите меѓународни стандарди“, додаде Костадинов.

Би можело да ве интересира

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

СДСМ: Домашниот притвор за Груби е доказ дека правдата е погребана

(ВИДЕО) Цветков: Минималната плата не е само бројка, илјадници семејства тонат во сиромаштија