(ВИДЕО) Континуирани инвестиции во училиштата низ Аеродром: Се уредува дворот и околината на ООУ „Блаже Конески“

Од:

Инвестициите за подобрување на училишната инфраструктура во Аеродром продолжуваат во основното училиште „Блаже Конески“, каде Општина Аеродром со поддршка на родителите и општествено-одговорни компании започна со уредување на дворот и околината на училиштето.

На почетокот на оваа година беше реконструиран дел од внатрешниот простор, а со тековните инвестициски активности дечињата ја добиваат првата еко-училница за настава на отворено, како и нови летниковци, клупи, павер елементи и хортикултурно уредување.

Континуираните инвестиции кои ги реализираме се директна поддршка за подигнување на квалитетот на образовниот процес. Модерно образование, со соодветни услови за одвивање на образованиот процес е цел на која сме сериозно фокусирани. Заедно и со здружени сили, им овозможуваме на најмладите подобри услови за спорт, рекреација и образование.

Би можело да ве интересира

Град Скопје со кривична пријава против Јулијана Спироска, претседателка на Управниот одбор на Комунална Хигиена

Кривична пријава од општина Аеродром за Комунална хигиена

Започна првиот AERO Street Food Festival

А1он

(ВИДЕО) Трајановски: Четири години на Митески и Муцунски во Аеродром се години на разочарувања и нула исполнети ветувања

Фестивал на улична храна во Аеродром

А1он

По докази за дивоградби, полицијата влегла во општините Чаир, Сарај, Аеродром и Кисела Вода