ВИДЕО: Конференција за меѓународната помош за поддршка на реформските процеси и зајакнување на капацитетите на МВР

Од:

Во организација на Министерството за внатрешни работи, вчера во хотелот „Александар Палас“ во Скопје, се одржа конференција посветена на поддршката што ја дава меѓународната заедница на Министерството за внатрешни работи во реформскиот процес, во насока на исполнувањето на европските стандарди во областа на правдата и внатрешните работи.

На конференцијата покрај претставници од голем број организациски единици од министерството за внатрешни работи, присуствуваа и повеќе од 20 претставници на акредитираните амбасади во земјава и на меѓународните организации кои даваат помош и поддршка на Бирото за јавна безбедност при Министерството за внатрешни работи.

Поздравно обраќање на конференцијата имаше директорот на Бирото за Јавна Безбедност г. Лазо Велковски, кој истакна дека исполнувањето на стандардите во полициското работење претпоставуваат успешна борба против сите видови на криминал, но и почитување на човековите права и слободи, а реформите во безбедносниот систем и идните планирани активности во оваа сфера бараат исклучителна посветеност од страна на Министерството, но и поддршка од меѓународната заедница која секогаш е добредојдена. Меѓу другото, во рамки на работната сесија, се донесоа заклучоци за понатамошна соработка помеѓу МВР и меѓународната заедница кои имаат единствена цел – подобрување на безбедноста на граѓаните во Република Македонија и изградба на праведно општество кое ќе биде гарант за стабилноста и заштитата на сите што живеат и престојуваат во Република Македонија.

Би можело да ве интересира

Стопанска комора: Потребни се решенија, не блокади на граничните премини

Од 12 часот стоп за камионите на границите, МВР гарантира проток за автомобили и автобуси

Горан Наумовски

Лажни електронски пораки во име на директорот на БЈБ и од Единица за кибер безбедност, апел од МВР за внимателност

Се појавија лажни пораки, наводно испратени од „Безбеден град“ – МВР апелира да не се споделуваат лични податоци

А1он

МВР распиша меѓународна потерница за Саит Саитов, момчето кое усмрти жена во Капиштец

А1он

МВР: Искршено е стаклото на влезната врата од Амбасадата на Република Бугарија