ВИДЕО: Колони на Табановце, дел одат на празничен викенд, дел на вакцинација

Од:

Долги колони и гужви за влез во Србија, пред продолжениот велигденски викенд кој следува. Во четири коловозни ленти, на исто толку шалтери, стотици автомобили чекаат да излезат од Македонија. Дел од граѓаните чекаат и по повеќе од час на граничниот премин Табановце. Од полноќ до 10 часот утрово, кон Србија излегле 1090, а влегле 1068 лица.

Неофицијално, најголем застој е направен откако паднал системот преку кој се евидентираат лицата кои влегуваат и ја напуштаат државата.

„Чекаме 45 минути, ни кажаа наводно дека паднал системот, но немаме конкретна информација што се случува“, вели граѓанин кој патува за Србија.

Дел од нив заминуваат во туристичките центри во Србија, некои велат дека одат да прошетаат низ Белград, но има и такви кои пред Велигден одат на вакцинација и ревакцинација. Освен автомобили, во колоните чекаат и туристички автобуси. Пред граничниот премин, има километарска колона.

„Табановце, излез од Р.М. :време на чекање минимално“, стои на сајтот на АМСМ.

Неофицијално, поплаки од граѓани за долги колони пред граничниот премин имало во изминативе два часа, кои се жалеле на застој во сообраќајот.

Би можело да ве интересира

На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата

На граничните премини Табановце, Богородица и Дојран се чека и по еден час

На „Табановце“ и на „Богородица“ се чека околу 30 минути

Избегната е несреќа на „Табановце“: Возач на „пасат“ удри во метален столб за видеонадзор

Горан Наумовски

На „Табановце“ и на „Богородица“ се чека еден час за влез во државата

Катерина Ѓуровски

На „Табановце“ и „Богородица“ се чека околу еден час за влез во државата