ВИДЕО: Колку имот во Бугарија поседува Васил Пишев?

Од:

Господине Пишев, одговорете ни прво, во колку партии сте членувале? Потоа, како тоа вие како антички Македонец и како пратеник во Собранието на Република Македонија поседувате личен имот од 200 м2 во Бугарија?

На овие прашања денеска од кандидатот за градоначалник на Струмица од владејачката партија, Васил Пишев, одговор побара портпаролот на струмичките социјалдемократи, Васил Георгијевски.

Како семејството на античкиот Македонец Васил Пишев има уште еден стан во изградба од 653 м2 пак во Република Бугарија? Ве прашуваме господине Пишев, како планирате да привлечете инвеститори за развој на Струмица, ако и вие лично, а и како пратеник, не верувате во економската политика на Груевски и своите пари ги инвестирате надвор од Македонија? Зошто семејството на античкиот Македонец Васил Пишев поседува луксузен хотел под знамето на Република Бугарија, а не изгради таков хотел во Македонија и вработи македонски граѓани – изјави Георгијевски.

Би можело да ве интересира

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија

Радев најави предвремени парламентарни избори во Бугарија

СДСМ ќе го поддржи опозицискиот кандидат Валбон за градоначалник на Гостивар

Конечен извештај на ДИК за локалните избори 2025 – следуваат повторени избори во четири општини

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за изборни повреди на 2 ноември