(ВИДЕО) Колева: Во време на криза ВМРО-ДПМНЕ кочи законски решенија кои обезбедуваат помош за граѓаните

Од:

„Во време на криза, наместо да помогнат одмагаат, ВМРО-ДПМНЕ кочи законски решенија кои обезбедуваат мерки за помош на граѓаните. Преку нивниот претседател на Комисијата за финансирање и буџет, Бојан Стојаноски, ВМРО-ДПМНЕ упорно не закажува седница на која треба да се расправа за законските решенија кои овозможуваат исплаќање на финансиска помош за одредени ранливи категории како пензионери со ниски пензии, приматели на минимална помош и самохрани родители“ рече на денешната прес-конференција Даниела Колева, пратеничка на СДСМ.

Таа посочи дека „овие категории граѓани, треба да добиваат парична помош во следните четири месеци. Оваа помош е дел од последниот пакет мерки вреден над 360 милиони евра за поддршка на граѓаните и компаниите за справување со последиците од кризата“.

„Потребата од усвојување на овој закон е утврдена уште на 17.10 оваа година и веќе трета недела седница на Комисијата не е закажана. Како и многу пати досега, ВМРО-ДПМНЕ повторно свесно и намерно опструира законски решенија додека граѓаните чекаат помош од државата. Ова е пример за класична негрижа и класично лицемерие, обвинуваат дека мерките се задоцнети а тие не закажуваат комисии каде мерките треба да се разгледаат а потоа и да се усвојат од страна на Собранието“ рече Колева.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?