(ВИДЕО) Колева од Струмица: Жените се движечка сила, денес поставуваме нови цели и правиме чекор напред

Од:

Денес, маршираме рамноправни, исправени пред сите предизвици, затоа што само ние умееме достоинствено да станеме и заедно да дадеме чекор напред, маршираме за правда и мир, за секоја жена да се чувствува сигурна и безбедна и во семејството и во заедницата, порача претседателката на Форумот на жени, Даниела Колева, од денешниот Осмомартовски марш во Струмица.

Овој традиционален марш се одржува веќе десет години, а оваа година под слоганот „Исправени заедно за еднаквост, правда и мир“.

„Денес е денот кога ги славиме насиште успеси, кога се потсетуваме на патот кој го поминале жените низ историјата и предизвиците со кои се соочувале во секој аспект од животот, од платената нееднаквост, преку ограничените можности во политиката и економијата, до насилството што го трпат. Но, важно е да се знае дека ние не сме сами во оваа борба. Мажите покажаа дека ја знаат нивната важност во борбата за рамноправност. Без нивната поддршка, без нивното активно учество и партнерство во рушењето на стереотипите и поддршката на нашите права, напредокот ќе биде ограничен“, рече Колева.

Во обраќањето Колева посочи дека жената социјалдемократка е силна, храбра, посветена, решителна и непоколеблива, а ставот е секогаш јасен, нема преговори кога станува збор за правата на жените.

„Посветени сме на борбата за уште поголема политичка и економска застапеност. Нашата мисија не е само да бараме рамноправност, туку и активно да работиме на создавање услови за жените да водат, да раководат и да бидат одлучувачки фактори во донесувањето на важни одлуки кои се однесуваат на нашиот живот и иднина.Ова е денот кога ја славиме нашата храброст, нашиот напор и истрајност, и нашите достигнувања. Но, ова е ден кога поставуваме нови цели и правиме чекор напред“ рече Колева, и додаде дека овој ден не е само честитка, туку и поттик да продолжиме да се бориме за рамноправност, да не дозволиме никој да не поколеба и застане, да бидеме здружени и решителни, можеме и мораме да го направиме светот подобро место, не само за нас, туку и за идните генерации.

Би можело да ве интересира

Левица: Скандалозниот тендер на Јанушев од еден милион евра заврши кај поранешен советник на СДС во Струмица

(ВИДЕО) Јанковиќ: Вицепремиерот Арбен Фетаи не сака да одговара на македонски јазик, тврди „уште не бил спремен“

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ги штити Виктор Димовски, Еролд Муслиу и Љупчо Коцевски

Филипче од Париз: Потребен е проактивен пристап и политички консензус за напредок кон ЕУ

И СДСМ обвинува дека преку тендер кој го распишал Јанушев ќе се финансира кампањата на ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Орце Ѓорѓиевски ги лаже скопјани со „EXIT“