(ВИДЕО) Коларов: Власта падна на испитот на демократијата

Од:

„Непосредно пред изборниот молк и денот на Вашата одлука, за жал власта падна на испитот на демократијата. Обидот да се вовлече секој граѓанин, секое семејство во црно сценарио на закани и притисоци ги изнесе на виделина сите манипулации на ДПМНЕ.

– Колку и да посакувавме фер борба, дуели во кои граѓаните ќе можат да оценат знаење, искуство и потенцијали, тоа не се случи. Благодарение на очајничката борба на ДПМНЕ да дојде на власт по било која цена, исто како и во првиот изборен круг, повторно го погазија достоинството на велешани.

– И токму кога мислевме дека барем овие денови ќе се воздржат од закани и манипулации, ќе понудат реални и извесно остварливи проекти, а не само лажни ветувања и неизвесна иднина – се соочивме со крајно навредлива, некултурна, а на моменти и безобразна реторика. Реторика во која ДПМНЕ не зборува за себе и за своите постигнувања и резултати, туку исклучиво навредува и омаловажува. Небаре никој и ништо не разбира“, изјави на денешната пресконференција Благој Коларов, советник на општина Велес на Сојуз за иднината.

Би можело да ве интересира

Социјалистот Емануел Грегоар е новиот градоначалник на Париз

Јанша не е среќен по поразот на словенечките избори

Горан Наумовски

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија

Радев најави предвремени парламентарни избори во Бугарија

СДСМ ќе го поддржи опозицискиот кандидат Валбон за градоначалник на Гостивар