(ВИДЕО) Колариќ: Шилегов потроши милион евра за чистење снег кој се уште го нема

Од:

„Петре Шилегов потроши 1 милион евра пари на граѓаните за чистење на снег кој за жал се уште го нема.

Петре Шилегов во име на Град Скопје склучил договор за изнајмување на опрема за чистење на снег за 2020 и 2021 година во висина од 1 милион евра“, рече Светлана Колариќ од ВМРО-ДПМНЕ.

„Според договорот кој го потпишал Шилегов станува збор за изнајмување на 15 машини, кои според договорот имаат обврска за чистење од 40 часа месечно, се што ќе биде над тоа ќе се плаќа дополнително од страна на градот.

Петре Шилегов наместо да ги троши парите на граѓаните за чистење на снегот кој не падна можеше да купи 5 нови машини за чистење на снег кои ќе бидат во сопственост на градот и ќе можат да бидат користени повеќе години.

Шилегов не работи домаќински. Шилегов го раскрчмува едноставно градот.

Шилегов и Заев се виновни за целиот криминал, корупција и рекет. Шилегов и Заев се виновни за сите порази и сите понижување кои ги доживуваме. Несоодветното трошење на парите на граѓаните ќе заврши на 12-ти април. Но по 12-ти април ќе има верувајте одговорност за се“, изјави Светлана Колариќ од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

45-годишен маж од Скопје е пронајден мртов во неговиот дом

24-годишниот Дарко Митровиќ го фати крстот во водите на Вардар во Скопје

Горан Наумовски

48-годишен скопјанец е пронајден мртов во стан

Трка на Дедомразовци во Скопје – учествуваа над 800 натпреварувачи

А1он

Семејно насилство во Скопје: 39-годишен маж ја нападна сопругата и својата мајка

Град Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита на воздухот