(ВИДЕО) Колариќ: Анѓушев се грижи единствено за профитот на своите фирми

Од:

Светлана Колариќ од ВМРО-ДПМНЕ денеска одржа прес-конференција на која што рече дека скандал од невидени размери е тоа што вицепремиерот во Владата, Кочо Анѓушев си доделил преку државната ЕЛЕМ тендер во износ од 2,6 милиони евра на фирма која е во негова сопственост, „Фероинвест“.

– Ваквиот криминален тендер покажува дека Кочо Анѓушев само го пресликува работењето на неговиот ментор Зоран Заев кој преку општина Струмица ја празнеше општинската каса. Неиздржано и потценувачко е правдањето на милионерот Анѓушев дека тој не бил управител туку само сопственик на фирмата „Фероинвест“. Тоа значи дека парите повторно завршуваат во неговиот џеб. Внимавајте, криминалниот тендер на ЕЛЕМ ќе овозможи вицепремиерот Кочо Анѓушев да го зголеми своето богатство на над 30 милиони евра. И тоа на грбот на граѓаните на Република Македонија. Очигледно дека криминалната влада на Социјал-демократскиот сојуз ја интересираат само тендерите и енормното богатење на клановите на власт. Анѓушев единствено се грижи за профитот на своите фирми, бидејќи за работа во интерес на граѓаните видовме дека не го бива, рече Колариќ.

Таа додаде дека обвинителството треба да утврди кривична одговорност за тоа како се влијаело и под кои услови тендерот припаднал во рацете на фирмата на вицепремиерот Анѓушев и дека е потребно поништување на тендерот и оставка на Анѓушев.

– Она што по ќе се памети Анѓушев се милионерските тендери на неговите фирми како и либерализацијата на струјата која ја најавува и за која се бори, а со цел неговите фирми да добијат повеќе профит, а граѓаните да добијат поскапи сметки за струја. Но на криминалот ќе се стави крај. Крајот ќе биде на 15-ти октомври кога граѓаните ќе кажат што мислат за нечесното работење на владата на Заев и на Социјал-демократскиот сојуз, заврши Колариќ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Најостро ја осудуваме навредата на СДС дека народот и граѓаните се „будали”

ВМРО-ДПМНЕ: СДС се виновни за раздвојувањето на Албанија од Македонија

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Придонесот на СДС за ЕУ е раздвојување на Албанија од Македонија, за чии интереси работи Битиќи?

(ВИДЕО) Лефков: СДС како власт ги користеле институциите за испумпување на пари преку тендери

ВМРО-ДПМНЕ: Орбан го пукна балонот на СДС, парите за кредитот се европски, а не кинески

ВМРО-ДПМНЕ: СДС е гејша за сите што не ѝ мислат добро на Македонија