(ВИДЕО) Коциќ: Вакцинирани 190.000 граѓани, се отвораат пунктови за масовна имунизација во Велес, Прилеп и Струмица

Од:

„Масовната имунизација на населението се одвива непречено и во најдобар ред. Според податоците на Министерството за здравство, досега вкупно се аплицирани речиси 190.000 дози вакцини, а ревакцинирани се 26.415 граѓани.

Како што тече процесот на вакцинација, така во државата пристигаат нови контигенти на вакцини што овозможува процесот на масовна имунизација да тече непрекинато.

Денеска, во државата пристигнуваат нови 100.000 вакцини од кинескиот производител „Синофарм“, рече Ненад Коциќ, пратеник на СДСМ.

„Граѓаните добиваат вакцини здравствените домови и во регионалните пунктови. Со одлука на Владата предводена од СДСМ следува отворање на нови пунктови за масовна имунизација во градовите Велес, Струмица и Прилеп.

Вкацината е најдобриот начин да го победиме коронавирусот и кончено да ставиме крај на пандемијата.

Сите вакцини се безбедни за здравјето на граѓаните и затоа апелираме секој граѓанин да се пријави за вакцинација да се вакцинира во потврдениот термин и на тој начин да се заштити од коронавирусот.

Како одговорна партија продолжуваме да работиме на мерки и политики кои го штитат јавното здравје и го унапредуваат здравствениот систем во државата“, изјави Ненад Коциќ, пратеник на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

СДСМ: Домашниот притвор за Груби е доказ дека правдата е погребана

(ВИДЕО) Цветков: Минималната плата не е само бројка, илјадници семејства тонат во сиромаштија