(ВИДЕО) Коцевски: Дивеењето на синот на заменик министерот со возило со флешери не смее да остане неказнето

Од:

Одговорност и оставки од Оливер Спасовски и Назим Буши, дивеењето на синот на заменик министерот со возило со флешери не смее да остане неказнето. МВР и самиот Спасовски молчат и не одговараат на прашањата кои ги поставивме. На сите прашања одговор имаат во евиденцијата на МВР, изјави денеска Зоран Коцевски, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

– Црниот мерцедес со флешери со кое Ќерим Буши на 26-ти ноември дивеел низ Скопје е возило кое било во сопственост на Назим Буши, а потоа предадено на битолска фирма. МВР сето тоа го знае, доволно е само да се погледне историјатот на промени на сопственост.

МВР само требаше да одговори дали црниот мерцедес е купен од Телеком за Назим Буши, а потоа продаден на самиот Буши, за истиот да го предаде на битолска фирма. Но МВР молчи.

Ако немаше случај немаше да биде казнет заменик началникот на СВР Скопје кој интервенирал возилото и лицето да бидат пуштени, со објаснување дека се работи за познат човек.

А, кој е тој познат човек, во возилото претходна сопственост на Назим Буши, сега во посед на битолска фирма сопственост на негови роднини, ако не е неговиот син, Ќерим Буши? Оливер Спасовски и Назим Буши не смее да го заташкуваат целиот инцидент. Политичка одговорност мора да има – нагласи Коцевски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Се потврди сè што говоревме, ВМРО е во паника по акциите на САД и Законот за Западен Балкан

Горан Наумовски

СДСМ: За криминалната ВМРО членството во НАТО е „срам за граѓаните“

СДСМ: ВМРО намерно ги стопира ЕУ интеграциите

ВМРО-ДПМНЕ: СДС е на страната на Мадуро, молкот на СДС е одбрана на криминалот и диктатурата

ВМРО-ДПМНЕ: Политичка тишина, СДСМ не реагира за апсењето на венецуелскиот лидер

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и во новата година со старите приказни, 2026 година се уште враќаме ваши долгови и заеми