ВИДЕО: Кобно јулско утро пред 49 години

Од:

Тоа јулско утро беше кобно за Скопје. Татнеж, уривање, прав и пепел. 1.070 луѓе останаа под силната стихија. За оние кои преживеја , се беше како лош сон. Солзи, лелеци, тага.
Ги немаше нивните најблиски, пријатели соседи.

Од нивниот град останаа урнатини.

Повредени беа 3.000 беа граѓани. Беа урнати 15.800 станови, а оштетени 28.000. Над 200.000 луѓе остана без покрив над глава. Се спиеше во шатори, а децата и жените ги прифатија семејства од другите градови.

Но Скопје не остана осамено. Меѓународниот Црвен крст упати апел до сите национални организации да организираат исхрана за скопските деца.

Интерпарламентарната унија упати препорака до сите парламенти и влади да помогнат во обновата на градот. Хуманитарните организации во многу земји пристапија кон собирање помош за Скопје.

Скопје стана „град на меѓународната солидарност“.

Би можело да ве интересира

Муцунски: Скопје е подготвено за дијалог со Софија, но не и за учество во бугарската изборна кампања

Отстранет е одронот, повторно се вози во двете ленти на автопатот Скопје – Велес

Горан Наумовски

Мајка и две деца заглавени во една од полавените куќи во Гостиварско

45-годишен маж од Скопје е пронајден мртов во неговиот дом

24-годишниот Дарко Митровиќ го фати крстот во водите на Вардар во Скопје

Горан Наумовски

48-годишен скопјанец е пронајден мртов во стан