ВИДЕО: Ќе се проширува дел од булеварот „4 Јули“

Од:

Кандидатите за градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ за Град Скопје и општина Ѓорче Петов, Коце Трајановски и Сокол Митровски денеска го промовираа проектот за расчистување на имотно-правните односи за проширување на дел од булеварот „4 Јули“.

Со овој проект се предвидува расчистување на имотно-правните проблеми кои постојат на трасата на дел од овој булевар, како и негово проширување.

– Досега неколку пати во мојот мандат разговарано е со сопствениците на куќите кои се лоцирани на овие стеснувања на трасата на булеварот „4 Јули“, меѓутоа не успеавме да постигнеме договор. Изминатиов период се интензивираа овие разговори и јас се надевам дека наредниот период ќе ги расчистиме имотно-правните односи, со што конечно овој булевар ќе го направиме да биде проточен како што е и предвидено според деталниот и генералниот урбанистички план, изјави Трајановски.

Дополнително, како што рече, на булеварот „4 Јули“ ќе биде извршена санација на асфалтот и атмосферската канализација за овој булевар да ја добие својата вистинска функција.

Трајановски потенцираше дека за реализацијата на овој проект неопходна ќе биде и помошта од страна на општина Ѓорче Петров, пред се во делот на расчистувањето на имотно-правните односи, како и сите потребни согласности и дозволи.

Би можело да ве интересира

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија

Радев најави предвремени парламентарни избори во Бугарија

СДСМ ќе го поддржи опозицискиот кандидат Валбон за градоначалник на Гостивар

Конечен извештај на ДИК за локалните избори 2025 – следуваат повторени избори во четири општини

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за изборни повреди на 2 ноември