(ВИДЕО) Китев: СДСМ создава подобри услови за поддршка на домашните и странски компании

Од:

„Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и коалицијата создаваат подобри и еднакви услови за поддршка на домашните и странските компании со цел да обезбедат економски раст, развој и повисоки плати.

Пратениците од парламентарното мнозинство го усвоија Законот за финансиска поддршка, чија основна цел е преку поддршката на инвестициите да се зголеми конкурентноста на македонските компании, за тие да можат рамноправно да учествуваат и на меѓународниот пазар“, изјави Бетијан Китев, пратеник на СДСМ.

„Креиран е транспарентен механизам со кој се овозможува поддршка на многу поголем број на компании и пораст на економијата.

Законот ќе придонесе за подобрување на севкупните економски односи, ќе го поттикне економскиот развој, а со тоа ќе се придонесе за зголемен вкупен економски раст.

Законот за финансиска поддршка на инвестициите обезбедува правна сигурност и еднаков третман за сите компании – домашни и странски.

Со Законот за финансиска поддршка на инвестиции ќе се поддржат компаниите, кои покажале просечен раст на приходот и не го намалиле просечниот број на вработени во истиот период, во споредба со годината за која побаруваат државна помош.

Финансиските средства за поддршка на инвестициите ќе бидат обезбедени од Буџетот на Република Македонија, а за оваа 2018 година обезбедени се 18,3 милиони евра.

Оваа законска мерка претставува замена на нетранспарентната шема на државна помош, со која во претходните години беа поддржани само 23 компании, а притоа се потрошени над 225 милиони евра, од буџетот на државата.

Со соодветни економски политики и вистинска поддршка на компаниите создаваме услови за економски развој, намалување на невработеноста и зголемување на животниот стандард.

Создаваме силна економија и компании кои ќе бидат конкурентни на европскиот и светскиот пазар и ќе придонесат за раст на Бруто домашниот производ“, рече Бетијан Китев, пратеник на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ не ја почитува ни светоста на верските празници

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Жалам што дел од партиите легитимираа корумпирана и изолирана власт на лидерска средба

Горан Наумовски

Мицкоски за неучеството на СДСМ на лидерската средба: На политичката сцена празен простор не останува, ако се повлечете некој ќе го запоседне

(ВИДЕО) Филипче: Ме обвинија за рекет за цела болница, дека сум убиец на 300 деца – сега ќе ги тужам

А1он

(ВИДЕО) Младеновска: Во Македонија има 100.000 невработени, а Владата ќе носи 10.000 странски „економски работници“

А1он

СДСМ: Владата на Мицоски ја отвори вратата за 10.000 странски работници