(ВИДЕО) Китаноски: Јовчески и ДПМНЕ направија сообраќаен хаос во Прилеп

Од:

Не само што за 30 месеци не успеа да реализира ниту едно изборно ветување, туку градоначалникот Борче Јовчески не е способен да го заврши ни единствениот започнат проект – кружниот тек пред ЦК „Марко Цепенков“. Од пред неколку денови, на кружниот тек чија изградба започна пред три месеци, нема никакви градежни активности. Нема работници, нема механизација. Во моментов се случува она што Социјалдемократскиот сојуз одамна го најави: кружниот тек заради кој ни се потсмева цела Македонија, стана сериозен проблем за граѓаните на Прилеп. Освен секојдневното гушење во прашина, на прилепчани им остана како знаат и умеат да се справуваат со сообраќајниот метеж предизвикан од незавршениот проект, вели Александар Китаноски, член на Советот на Општина Прилеп.

– И сето тоа заради неспособноста на градоначалникот Јовчески и локалната власт на ДПМНЕ, кои наместо да ги решаваат, на граѓаните им создаваат нови и нови проблеми. Јовчески и ДПМНЕ се единствените виновници што во строгиот центар на Прилеп се случува хаос. Нивното незнаење да изработат проект кој ќе соодветствува со реалните потреби, да направат стручна пресметка и точно да ги предвидат финансиските средства за целосно завршување на работите, резултираше со катастрофата на која сведочи пошироката јавност.

Никој од надлежните во локалната самоуправа, најмалку градоначалникот Борче Јовчески и претседателот на Совет, Дејан Проданоски, не знае да каже кога и како ќе го решат проблемот кој сами го создадоа. Се’ додека е така, на прилепчани им останува да се смеат на сопствената мака и да се прашуваат кој е тој „стручњак“ кој проектирал кружен тек на кој пешачкиот премин завршува во дворот на приватна куќа. Која, патем речено, е пред паѓање и која претставува реална опасност по безбедноста на сите учесници во сообраќајот, најмногу на пешаците. И после една ваква трагикомична ситуација, само по себе се наметнува прашањето: на оние кои не се способни да ги решаваат проблемите на локално ниво, како може да им се верува дека ќе знаат да ја водат државата – кажа Китаноски.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Левица и СДСМ удрија по Тошковски откако МВР распиша меѓународна потерница за Цуната која и избега на полицијата низ прозорец во Кочани

Мицкоски им се извини на пратениците за хаосот во Собранието, СДСМ му прача да и се извини на јавноста

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски нема ниту еден резултат, реконструкцијата е само замена на имиња и нема да смени ништо

(ВИДЕО) Спасовски: Нервоза и навреди на Мицкоски и Стоилковиќ кон пратениците на СДСМ, бараме извинување и реакција од Гаши

Одложена координативната средба на опозициските партии околу Изборниот законик, поради неприсуство на СДСМ

(ВИДЕО) Кузеска: Братот на Трајко Славески од чувар до функционер

А1он