(ВИДЕО) Кирацовски: Позитивната препорака на ЕК е значаен успех и потврда за успешноста на реформскиот процес

Од:

„Денеска од Европската унија стигнаа добри вести за нашата Македонија.

Имаме чиста препорака за почетокот на преговорите за полноправно членство на Република Македонија во ЕУ!

Им честитам на сите наши граѓани. Затоа што ова пред се e нивна заслуга. Почитувани ова е ваша заслуга. Заедно успеавме.

Ова е значаен успех за Република Македонија која по долги години повторно се враќа на евроинтегративниот пат, на напредокот, на реформите за подобро утре.

Напорите во спроведувањето на започнатиот реформски процес се препознаени. Тоа е добро за сите нас.

Се потврдува исправноста и успешноста на политиките на Социјалдемократскиот сојуз, на Владата што ја предводи заедно со коалициските партнери.

Позитивниот извештај на Европската Комисија и дадената препорака за членство претставува дополнителен импулс во натамошното спроведување на зацртаните реформи, на мерките за подобар живот, во интерес на Македонија нејзините граѓани.

Впрочем и членството во ЕУ значи економски напредок, повеќе инвестиции, повисоки плати, подобар стандард и институции кои работат за граѓаните.

Почитувани граѓани,

Македонија чекори напред, слободна, напредна, демократска, земја -пријател со соседите, како едно општество за сите.

Продолжуваме заедно“ рече генералниот секретар на СДСМ, Александар Кирацовски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски