(ВИДЕО) Кирацовски: Парламентарното мнозинство е стабилно, очекуваме поддршка на реформите од сите пратеници

Од:

Генералниот секретар на СДСМ, Александар Кирацовски тврди дека СДСМ има стабилно парламентарно мнозинство, но и дека во тек се разговори со сите политички субјекти за идна соработка. Тој кажа дека се надева ВМРО-ДПМНЕ како што рече “да ги напушти старите практики на деструкција, практики на кочење на процесите“.

-Ние сме убедени и се надеваме дека ВМРО-ДПМНЕ ќе ги напушти , го знаеме примерот на формирање на десет пратенички групи и буквално сопирање на сите евидентни закони којшто беа за доброто на Република Македонија и на граѓаните. Се надеваме дека ВМРО-ДПМНЕ веднаш после новата година ќе се врати во Собранието и заедно со парламентарното мнозинство ќе работат на сите позитивни законски прописи за доброто на граѓаните, рече Кирацовски.

Што се однесува до Амди Бајрам кој самиот кажа дека може да коалицира со ДУИ или СДСМ, Кирацовски рече дека секој пратеник во Собранието на Република Македонија да се однесува онака како што сака и според сопственото политичко убедување.

-Ние сме демократска власт, ние не ги шиканираме и не ги присилуваме независно од која политичка провиниенција и партија доаѓаат, да гласаат во оној момент кога се гласа онака како што тие реално ценат и сметаат дека треба да гласаат. Во овој момент, СДСМ има слободно и стабилно парламентарно мнозинство, не заради СДСМ туку заради тоа што демократијата е развиена во Република Македонија и затоа што мнозинството од пратениците ценат дека интересот на граѓаните и државата е пред се, рече Кирацовски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Штерјова: Има пари за тендери нема пари за скопјани – таков Буџет 2026 предлага Георгиевски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: 100 милиони евра загуба – кој профитира од увозот на струја?

Горан Наумовски

СДСМ: Кризна состојба заради тендери – зошто навреме не е набавен мазут?

СДСМ: Поскапувањето на струјата е нов удар врз и така нискиот стандард на граѓаните

Горан Наумовски

СДСМ: Нов доказ за партизација – власта ја презема контролата врз обвинителството

(ВИДЕО) Цветановски: Економските работници ја „убија“ можноста од зголемување на минималната плата