(ВИДЕО) Кирацовски: Милионски тендери за братучедот на Ставрески и за сопственикот на АЛФА ТВ

Од:

Екс-министерот Ивановски, близок соработник на Никола Груевски, лично доделил бизнис тежок 15 милиони долари на фирмата ЦТ Цомпутерс, односно Ком Трејд во сопственост на Веселин Јевросимовиќ, сопственик на АЛФА ТВ, вели дополнителниот заменик министер за информатичко општество и администрација, Александар Кирацовски.

-Изборот го направил противзаконски, пред да се изјасни Комисијата за јавни набавки при министерството. Граѓаните се оштетени за најмалку 2.3 милиони евра, бидејќи дисквалификуваната фирма понудила иста конфигурација на лаптопите за учениците со поевтина цена, рече Кирацовски.

Тој истакна дека покрај овој незаконски избор на екс министерот Ивановски доделил и милионски тендер на фирмата Виста Груп во сопственост на Сашо Ефтимовски, братучед на Зоран Ставревски, кум на Никола Груевски и Дарко Дулиќ, син на пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ и поранешна членка на Републичкиот судски совет, Благородна Дулиќ.
.
-На сметката на оваа фирма прво легнале 850.000 евра, иако компанијата не ги исполнила условите од договорот со Министерството, да ја инсталираат испорачаната опрема за проектот Интероперабилност, вели Кирацовски.

Според дополнителниот заменик министер информатичко општество и администрација, инсталирање на испорачаната опрема за проектот не била единствената соработка помеѓу министерството и фирмата.

Тој вели дека Виста Груп била наградена со нов тендер од ова министерство, за изработка на софтвер за он-лајн тестирање на административните службеници и тендерот за спроведување на психолошките тестови за администрацијата, за што идните службеници биле обврзани да платат по 1.950 денари.

-Јасно е дека крајна цел на Министерството за информатичко општество и на Владата не биле потребите на учениците и институциите, туку задоволување на потреби на фамилијата на власт. Од сèто ова произлегува дека власта единствено за што се грижела е испумпување пари од државниот Буџет, по сите индиции, за лични интереси, за себебогатење, за купување избори, потплаќање судии, корупција на медиуми, рече Кирацовски.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

Костова со осуда на инцидентот во Штип: Бебзедноста крахира, Тошковски да си даде оставка!

(ВИДЕО) Трајановски: Четири години на Митески и Муцунски во Аеродром се години на разочарувања и нула исполнети ветувања

(ВИДЕО) Шукова: Четири години разочарувања, секоја улицa, секое маало, сведочи за неуспехот на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје

(ВИДЕО) Кузеска: Локалната власт на ВМРО-ДПМНЕ е најнеспособна и најкорумпирана досега

(ВИДЕО) Куновски: Четири години битолчани се сведоци на недомаќинлук, аздисаност и лицемерие

(ВИДЕО) Кузеска: Општините предводени од ВМРО-ДПМНЕ се претворија во епицентар на тендерски шеми и партиски злоупотреби на народните пари