(ВИДЕО) Кирацовски: Ќе го вратиме достоинството на социјално ранливите категории на граѓани

Од:

„Македонија е држава со една од највисоките стапки на сиромаштија во Европа. Речиси 40 % од населението не може да ги обезбеди ниту најосновните потреби.

Со Груевски ова не може да се промени. Тој имаше 10 години да го промени ова и да обезбеди подобар живот за граѓаните, но не го направи тоа. Него го интересира само тој да се богати и тие околу него. Воопшто не му е грижа за граѓаните.

Во изминатата деценија, на сметка на граѓаните кои гладуваат, мала група во власта енормно се збогати. Дополнително на тоа оваа власт најранливите категории на граѓани ги користеше како сигурни гласачи, уценувајќи ги со социјалната помош. Тоа мора да го менуваме.

Ќе ја промениме политиката на партиска корист, на сметка на сиромашните. Социјална помош ќе добиваат сите ранливи категории на граѓани, без исклучок и без разлика на нивната политичка, национална или друга припадност.

Ќе воведеме Програма за минимален адекватен приход од 12.000 денари од државата  кој ќе го добива секое четиричлено семејства кое живее во сиромаштија и не остварува никаков друг приход. Семејствата со приход под 12.000 денари, ќе ја добиваат разликата од оваа Програма.

На пример, ако во семејството влегува приход од 4.000 денари, државата ќе помогне со уште 8.000 денари плус.

Ќе го намалиме надоместокот за извршителите, кои нема повеќе да смеат да земаат суми неколкукратно повисоки од основниот долг.

За должниците кои се социјални случаи, извршувањето ќе биде без наплата на извршителска тарифа.

Ќе воведеме државна социјална пензија за секое лице над 65 години старост кое не ги остварува условите за старосна пензија. Износот на социјалната пензија за почеток ќе биде во висина од 40% од просечната пензија.

Пензиите ќе ги зголемуваме два пати годишно, согласно порастот на платите и трошоците.

Еднородителските семејства со плата пониска од просечната плата ќе ги ослободиме од јавни давачки. Тука влегуват такса, јавен превоз, општински комунални давачки, ослободување на плаќање на надомест во градинка.

Преку нашиот План за Живот во Македонија ќе го вратиме достоинството на социјалните случаи, чиј број со останатите мерки за поттикнување на стопанството и новите вработувања континуирано ќе се намалува“, изјави потпретседателот на СДСМ и кандидат за пратеник – Александар Кирацовски.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Без техничка влада не може да има праведни избори

А1он

(ВИДЕО) Лукаревска: Се најавува кредит од дури 6 милијарди евра, Владата ги турка граѓаните во должничко ропство

А1он

51 тендер во вредност од 16 милиони евра за три години од општините на ВМРО-ДПМНЕ за „Пирамид билдинг солушнс“, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Цветановски: САД гледаат со кого Мицкоски и Стоилковиќ се „стратешки партнери“ со „Ноќните волци“ на Путин

Горан Наумовски

СДСМ: Само техничка влада може да овозможи фер избори

(ВИДЕО) Филипче: Се потврди сè што говоревме, ВМРО е во паника по акциите на САД и Законот за Западен Балкан

Горан Наумовски