(ВИДЕО) Кичевски: Заканите и навредите се доказ дека ВМРО-ДПМНЕ не е поместена од насилничката матрица

Од:

„Страшни и скандалозни се заканите и навредите што произлегоа од кавгата меѓу Христијан Мицкоски и Данела Арсовска. „Од првиот момент кога ќе станам премиер, ќе те влечеме по улици“ и „Ќе го бришеме подот со тебе“ така според сведоштвата на Арсовска, се заканувал шпицниот градоначалник Мицкоски“, вели Васко Кичевски, претседател на градска огранизација на СДСМ – Скопје.

„До пред само неколку месеци, ВМРО-ДПМНЕ за Арсовска зборуваше дека е најдобрата градоначалничка, дека е мајка на градот, а сега оваа партија бара доказ дека Арсовска е во добра психофизичка состојба.

Наместо за граѓаните, наместо за проекти, граѓаните слушаат закани, навреди, едно ниско, разочарувачко ниво.

Начинот на комуникација меѓу Арсовска и Мицкоски покажува зошто ништо во Град Скопје не функционира.

И додека јавноста слуша за закани клевети и навреди меѓу ВМРО-ДПМНЕ и Арсовска, СДСМ прави се за да ги реши проблемите на скопјани.

Парното во Скопје веќе го презема и го управува Владата на премиерот Ковачевски, затоа што Арсовска и мнозинството во Советот од ВМРО-ДПМНЕ се откажаа од него.

Благодарение на одговорниот и чесен пристап на претседателот Ковачевски, блокадите на скопските улици се отстранети и дадена е шанса преку дијалог да дојдат до решение.

Единствено во премиерот Ковачевски, граѓаните гледаат сериозен партнер и човек кој се грижи за нив.

Скопје и неговите граѓани, не заслужуваат да бидат заложници на кавгите на Мицкоски и Арсовска“, изјави Васко Кичевски, претседател на градска огранизација на СДСМ – Скопје.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Кога веќе следите, зошто не објавите фотографии од Дубаи?

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Свиркач открива шема за пумпање пари во Пошта – 300.000 евра секоја година

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче да објасни како ги стекнал средствата за златна виза во Дубаи

СДСМ: За колку тендери ЗНАМ ја продава Македонија?

(ВИДЕО) СДСМ: Нова бомба – тендер од 1,2 милиони евра за фирма без работници блиска до ЗНАМ

А1он

СДСМ: Нема да нè замолчите, обидите за уривање на СДСМ одвнатре ќе бидат спречени

А1он