(ВИДЕО) Кичевски: За катастрофата во Скопје одговорноста е кај Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ

Од:

„Со своето неработење и неспособност градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ го уназадија Град Скопје. Една и пол година во Градот и во општините под раководство на ВМРО-ДПМНЕ нема реализација на ниту еден важен, капитален проект. Но затоа има задолжување на општините и трошење на стотици илјади евра годишно за вработување на партиски кадри низ општините и јавните претпријатија“, рече Васко Кичевски, претседател на Градска огранизација на СДСМ – Скопје.

„Нема ништо од новите мега паркови, не се исчистија ниту постоечките диви депонии, но затоа нови диви депонии никнуваат во секоја скопска населба.

И постоечкото зеленило е на удар на градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ а последен пример за тоа е Деталниот урбанистички план на ВМРО-ДПМНЕ и Тимчо Муцунски за населба Лисиче со кој треба да се градат десетина висококатници во оваа населба.

Градоначалничката од ВМРО-ДПМНЕ на Град Скопје, Данела Арсовска е најнеуспешниот градоначалник на градот.

Поради нејзината неспособност и поради кавгите за медот со ВМРО-ДПМНЕ Скопје денес нема функционален јавен превоз.

Приватните превозници се уште не возат, нема набавка на нови автобуси, а Арсовска за една и пол година смени дури тројца директори на ЈСП Скопје.

Намерно не се реализираат ниту бројни започнати проекти како реконструкцијата на Универзална сала, изградбата на мостот на АСНОМ, улицата Есенинова….

Ете почитувани што значи кога ВМРО-ДПМНЕ добива шанса да ја предводи локалната и градската власт.

Неработење, игнорирање на потребите на граѓаните и уназадување на општините, тоа е резимето од една и пол година локална власт на ВМРО-ДПМНЕ“, изјави Васко Кичевски, претседател на Градска огранизација на СДСМ – Скопје.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Мицкоски ги поништува реформите – сака целосна партизација и контрола на безбедносните служби

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Младеновска: Владата плаќа 350 милиони евра годишно за камати, повеќе отколку за социјална помош

СДСМ: Нема субвенции, нема откуп, нема мерки – земјоделците се оставени на цедило

Горан Наумовски

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври

Катерина Ѓуровски

Филипче со порака до Мицкоски: Доаѓа времето на вистината – ќе одговарате сите до еден!

А1он

(ВИДЕО) Наумоски: Договорот за Михаилова е само еден случај од многуте – одговорност од Тошковски затоа што никој не одговара!