ВИДЕО: Казнување на наставници е несреќна иновација што ја има само во Македонија

Од:

По средбата со министрите Адеми и Спасов, Мартин Ромер, претседателот на Европската конфедерација на синдикати од образованието, во која членуваат 46 држави, изјави дека заеднички интерес е да се унапредува образованието, но тој на министрите им кажал дека моделот наставниците парично да се казнуваат не постои никаде во Европа.

-Македонија развила еден нов и чуден модел кој предвидува казнување на наставниците – тоа е несреќна иновација. Со овој систем наставниците можат во старт да очекуваат дека ќе бидат казнети. Никаде во Европа не постои пример кога наставниците се изложени на ризикот да плаќаат за да работат. Ова е комплетно неприфатливо, рече Ромер, коментирајќи ги казните за наставниците ако имаат отстапки во оценките на екстерното.

Тој рече дека ги поддржуваат барањата на СОНК, а дека нивните залагања се во насока на отворање на простор за дијалог со Владата.

-Мојата прва порака до Владата е дека сме отворени за дијалог, ситуацијата се уште не е целосно во ќосокак, но мора да се надмине каменот на сопнување, а тоа е казнувањето. Тоа го нема никаде во Европа, рече тој.

Ромер повика да престане пропагандната војна со која штрајкот на СОНК се претставува како лична борба на Јаким Неделков пред изборите.

– Ја повикувам Владата да се запре пропагандата и да се продолжи со дијалог, рече Ромер.

Би можело да ве интересира

Советот на СОНК на вонредна седница одлучи в понеделник да протестира пред Министерството за култура

Неделков: СОНК нема да дозволи исплата на плата спротивно на Колективниот договор за култура

Катерина Ѓуровски

Септемвриските плати во основното и средното образование ќе бидат повисоки за 15 oтсто

Неделков: Колективниот договор за високо образование и наука е исполнет во целост

Дијалогот помеѓу синдикатите и Владата е постојано во тек

А1он

Вработените во градинките ќе добијат цели плати за периодот на штрајкот

Катерина Ѓуровски