(ВИДЕО) Каревска: Куманово е посветено на децата и се бори за нивната среќна иднина

Од:

Децата се нашето најголемо богатство. Општина што е посветена на децата е општина што го гради своето „утре“ со љубов, посветеност и одговорност. Затоа, Општина Куманово ќе продолжи да обезбедува сигурно, здраво и поттикнувачко опкружување, каде секое дете ќе има пристап до квалитетно образование, спорт, култура и можност за безгрижно детство, изјави на денешната прес-коференција кандидатката за советник Сара Каревска на претставувањето на идните приоритети на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија посветени на најмладите жители на Куманово.

„Децата се нашата иднина и најубавата причина да се бориме за подобро утре. Со вложување во децата, вложуваме во поефикасно, похумано и посилно Куманово, град што расте заедно со нивните соништа и успеси. Затоа Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, на овие избори со серија проекти што ќе реализира, ќе покаже на вистински начин како се води грижа за најмладите жители“ рече Каревска и ги најави проектите и активностите за идниот мандат.

• Три нови градинки: во населбата Зелен Рид, во урбаната единица „Бајрам Шабани“ и во населбата Карпош.
• Реконструкција и проширување на капацитетите на постојните објекти на градинките со современи и функционални услови за престој на децата, стручно усовршување на воспитувачите за модерна и квалитетна настава, и доуредување на дворовите со нов инвентар и модерни реквизити.
• Зголемување на капацитетите за целодневен престој на учениците.
• Нови детски катчиња и зони за игра и рекреација во секоја месна заедница, достапни за сите деца, со стандардизиран изглед и издржливи материјали (нас. Карпош, нас. Ајдучка Чешма, нас. Иго Тричковиќ, с. Проевце, с. Добрашане, нас. Јане Сандански, нас. Зелен Рид, м. з. Тоде Мендол, централното градско подрачје и други локации).
• Дневен центар за дружење и едукација на децата.
• Театар за деца и анимации како дел од културно-едукативните содржини за најмладите.
• Културен фестивал за деца на отворено – празник на таленти и на креативност.
• Детски спортски игри како поттик за здрави навики и спортски дух.
• Поддршка за децата од ранливите семејства и еднакви шанси за сите.
• Поддршка на активности за прифаќање на различностите и промоција на другарство, со цел намалување на булингот како девијантна општествена појава.
• Субвенции за секое прваче.
• Поставување урбана опрема за одржување на едукативна и спортска настава на отворено на локалитет Студена Вода, како и поддршка на повеќе едукативни прошетки и истражување на природата.

– Грижата за децата, потенцираше Каревска, не е само обврска, тоа е чест и должност на секоја современа општина. А тоа значи: безбедни улици, градинки и училишта, простори за игра, култура и спорт, активности што ќе ги охрабрат да сонуваат и создаваат. Општина која е посветена на децата е општина што ја сака иднината. Зашто само кога се вложува во нив, навистина се градат трајни темели на подобро, похумано и посреќно општество, рече Каревска.

Би можело да ве интересира

Лабудовиќ: Центар ќе биде современа и дигитална општина

ЗНАМ: Градоначалникот на Центар, Герасимовски да одговори каде отидоа парите за Работнички

(ВИДЕО) ЗНАМ: Ресторан „Мечка“ се шири, градоначалникот Герасимовски без глас

А1он

(ВИДЕО) Тренчевска: Создаваме чиста општина и ја менуваме еколошката слика на Куманово

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Лабудовиќ: Центар и центарци знаат што е вистинска вредност

(ВИДЕО) Димитриевски: Лабудовиќ во Центар ќе биде подобар градоначалник од мене