(ВИДЕО) Каранфилова-Пановска: Кога ВМРО-ДПМНЕ е власт, жените секогаш биле во ризик

Од:

Жените се столбот и силата на СДСМ, ама жените се силата и столбот на општеството, социјалдемократската идеја е единствената којашто нуди пристојни услови за развој и напредок на жените, секогаш кога ВМРО-ДПМНЕ била власт жените биле во ризик, истакна заменик претседателката на СДСМ Фани Каранфилова Пановска, на денешната трибина по повод 25 годинишнината од формирањето на Форумот на жени на СДСМ.

-Денеска само после осум месеци на власт, власта на ВМРО-ДПМНЕ ги покажува истите тие карактеристики. Власта на ВМРО-ДПМНЕ не се грижи за основното, за социјалната и економската сигурност на сите граѓани, а пред се на жените. Сите гледаме како со растот на цените, особено на основните прехранбени производи нашиот животен стандард е срозан. Сите гледаме како со тоа што се случува во Собранието, со поднесениот сет на закони од делот на образованието ВМРО-ДПМНЕ сака да ја загрози онаа околина во којашто се образуваат нашите деца, посочи Каранфилова Пановска.

Заменик претседателката на СДСМ Фани Каранфилова Пановска нагласи дека има 250.000 жени, кои не се активни на пазарот на трудот, а ВМРО-ДПМНЕ, иако се обрзал, не води сметка за вистинското место на жените на пазарот на трудот.

– Имаме проблеми во здравството. Во изминатиот период сведочиме колку голем број на деца и бебиња се жртви на неефикасниот менаџмент на здравствениот систем во нашата држава. Никогаш претходно, многу одамна, такви цифри на доеничка и детска смртност не сме гледале. Здравствениот систем мислам дека се помалку нуди услуги кога станува збор за здравјето за жената, за репродуктивното здравје, за менталното здравје, рече Каранфилова Пановска, додавајќи дека и во културата нема сенс и разбирање за родовите прашања, за прогресивните идеи и политики.

За семејното насилство, за огромниот процент од над 80 проценти, жени, жртви на насилство, за фемицидите, кои се случуваат секојдневно, мораме да го креваме гласот, како и во купишта други сектори и области, истакна заменик претседателката на СДСМ Фани Каранфилова Пановска, на денешната трибина на тема „СДСМ со силно женско лидерство“.

Би можело да ве интересира

СДСМ бара Мицкоски да одговори дали со Британија е договорено прифаќањето на мигранти и мигрантски кампови во Македонија

СДСМ: Во вториот круг се бориме за 17 места, граѓаните масовно да излезат на гласање

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ би имале 52 пратеници а СДСМ 21, изгубија 140.000 гласови и попусто лажат со весели математики

ВМР0-ДПМНЕ: Ако утре има парламентарните избори, ќе освоиме над 60 пратеници, а СДСМ би била во некои изборни единици трета партија

ВМРО-ДПМНЕ: Освоивме 550 советнички места, повеќе за 82 од минатите локални избори, а СДС освои само 230 советника, што е помалку за 166

(ВИДЕО) Димитријевиќ: СДСМ води и очекува победа во: Центар, Крива Паланка, Пробиштип, Чучер Сандево, Кривогаштани, Богданци

Горан Наумовски