(ВИДЕО) Кангалов: ВМРО-ДПМНЕ брани насилници наместо да работи за граѓаните

Од:

„ВМРО-ДПМНЕ го покажа своето вистинско режимско и насилничко лице. Завчерашниот собир на ВМРО ДПМНЕ, покажа дека наместо зад правдата и зад граѓаните, истите тие застанаа на браникот на криминалот, насилството, на страната на режимот.

Насилниците, кои дивееја низ храмот на демократијата, пред камери тепаа пратеници, кршеа, уништува, се обидоа да ја погазат волјата на народот и ја доведоа државата на раб на граѓанска војна, не го бранеа Уставот, туку ја бранеа фотелјата на бегалецот од правдата Никола Груевски“, вели Александар Кангалов, претседател на ОО СДСМ Штип.

„Завчерашниот собир на ВМРО-ДПМНЕ претставува уште еден доказ и за начинот на кој опозициската партија се однесува во справувањето со коронакризата.

Еден ден бараат оставки од надлежните, друг ден се групираат кршејќи ги сите протоколи за заштита.

Покажаа и докажаа дека пандемијата им е алиби да не излезат на предвремените локални избори во Штип , кои СДСМ ги организираше и истите беа 100 проценти безбезни за граѓаните.

Ги прашуваме, дали завчерашниот собир, на кој ниту имаше дистанца, ниту се почитуваа мерките за заштита од вирусот, беа побезбедни за здравјето на граѓаните од изборите од кои избегаа?

Во период кога бројките на новозаразени лица се намалува, кога Штип се спрема за масовна вакцинација, пратениците од редовите на ДПМНЕ протестира без притоа да имаат грижа на совест за здраствените работници кои секојдневно се борат за здравјето на граѓаните, апсурдно истите тие ќе бидат најгласни во барањето на одговорност и оставки од надлежните.

Наместо да работат во интерес на граѓаните, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, ги изложуваат на ризик и нив и нивните семејства,одлучија да ја блокираат работата на Собранието и се криеја зад пандемијата.

Затоа, Штип редовно ги казнува деструктивните политики на ВМРО-ДПМНЕ и ќе го стори тоа и повторно,граѓаните не сакаат бранители на криминал и насилство“, изјави Александар Кангалов, претседател на ОО СДСМ Штип.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Милионските криминали во Државна лотарија се случувале под покровителство на СДС и ДУИ

Предраг Петровиќ

Стојаноски: Лицемерието на СДС излезе на виделина, ја напуштија собраниската седница кога требаше да се разговара за Резолуцијата за наводни мигранти

Предраг Петровиќ

Владата на Мицкоски го враќа паралелниот увоз на лекови како во времето на Груевски, тврди СДСМ

ВИДЕО: Антикорупциската платформа на СДСМ се вика М.И.Ц.К.О

Катерина Ѓуровски

СДСМ денеска го бира новото раководство

ВМРО-ДПМНЕ, ВРЕДИ и ЗНАМ поднесоа „Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата“ за мигрантите