ВИДЕО: Камперите пред Влада ја пречекаа Нуланд со „Оставка! Оставка!“

Од:

„Одете си убијци! Нема правда, нема мир!“, скандираа камперите пред Влада додека пристигнуваше американскиот помошник заменик државен секретар, Викторија Нуланд на планираната средба со премиерот Никола Груевски.

Нејзината делегација беше пречекана со едногласно барање на демонстрантите за оставки од владините функционери, односно од премиерот Никола Груевски. Меѓу нив се вееше знамето на Македонија, САД и ЕУ.

Протестот на граѓаните продолжи и откако Нуланд влезе во Владата. Стотици демонстранти скандираа од другата страна на оградата и држеа транспаренти на англски на кои пишуваше „Оставка!“.

Маја Васева

Би можело да ве интересира

Ништо не е завршено: Иран има илјадници ракети и капацитет да го обнови својот арсенал

Американски разузнавачи: Кина се подготвува да испорача оружје на Иран и покрај прекинот на огнот

САД: Иран со Ормутскиот теснец се обидува да изнуди отстапки за време на преговорите

„Хуриет“: Загубите на американската авијација пресуди за исходот од војната

Болат: НАТО не е обврзан да ѝ помогне на Америка во војна

Техеран поставува услови: Планот од 10 точки на Иран станува основа на мировните преговори