(ВИДЕО) Калеска Ванчева: ВМРО-ДПМНЕ е симбол за корупција и криминал, поднесуваат неосновани интерпелации затоа што се плашат од правдата

Од:

„Лицемерно и лажно е ВМРО-ДПМНЕ да зборува за корупција кога токму оваа партија е синоним на коруптивно дејствување, провизии од тендери и незаконско финансирање на партијата. Уште поголемо лицемерие е пратеници на ВМРО-ДПМНЕ да зборуваат за партиска држава, кога токму за време на нивното владеење бевме категоризирани како заробена држава.

Тоа е партија чие целото претходно партиско раководство и речиси половина од актуелната пратеничка група секојдневно се пред судовите каде се сомничат за сторени тешки кривични дела“, вели Снежана Калеска Ванчева, пратеничка и координаторка на Форум на жени на СДСМ.

„Пратеникот Антонио Милошоски бегаше од судски доставувачи, се обидуваше да избега од правдата. Пратеничката Гордана Силјановска е најмалку повикана да зборува за за углед и чесност кога сите знаат дека таа додека била министерка самата си доделила бизнис со фри-шоп.

ВМРО-ДПМНЕ продолжува да тоне во сопствената безидејност во сопствениот очај.

Се што прави оваа партија овде во Собранието е само деструктивност, блокади и кочење на функционирањето на парламентарниот состав.

Кога не шири лажни вести, ВМРО-ДПМНЕ поднесува неосновани барања за интерпелации на министри.

ВМРО-ДПМНЕ овде во Собранието па и надвор од него правеше се за да не се донесе Законот за јавно обвинителство, правеше се за да нема реформи во правосудството и тоа да остане партизирано и зависно, какво што го оставија.

Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се плашат од правдата прочистување на судството, се плашат од крај на нивните Сваровски инсталации и бескомпромисна борба против корупцијата.

Затоа поднесуваат вакви неосновани интерпелации, но тоа нема да не поколеба нас како парламентарно мнозинство да продолжиме да се бориме против криминалот и корупцијата. Секој кој згрешил пред законот ќе одговара за стореното. 11 години режимско владеење придонесе за вртоглав раст на корупцијата и на неказнивост на партиски функционери“, изјави Снежана Калеска Ванчева, пратеничка и координаторка на Форум на жени на СДСМ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ да каже дали Филипче е во Дубаи и по кој основ се стекнал со златната виза

СДСМ по изјавата на Бране Петрушевски: ВМРО-ДПМНЕ донесе закон со кој се намалија казните

Спасовски: Законот за Кочани беше можност да покажеме единство, солидарност и промена на системот

СДСМ: Реформските закони за правосудство ги нема, Филков да не ги опструира работните групи

И Таравари виде дека Мицкоски ја води државата во провалија, велат од СДСМ

Катерина Ѓуровски

Бендевска: Штабовите на СДСМ се како музеи на политичка археологија – затворени, запрашени, заборавени