(ВИДЕО) Калеска -Ванчева: Од здравствен и економски аспект добро е изборите да се одржат на 14 јуни

Од:

„Како што и веќе кажав доколку ова беше Грузија и во нашата држава се применуваше Уставот на Грузија тогаш Мицкоски ќе беше во право. Но, овде има Устав на Република Северна Македонија којшто вели нешто сосема друго и уште еднаш потенцирам ставот на Венецијанската Комисија е исклучиво за Грузија заради одредбата за Уставот на Грузија“, одговори Снежана Калеска -Ванчева, координаторка на Форум на Жени на СДСМ, на новинарско прашање.

„Што се однесува до терминот 14-ти јуни како можен термин за избори, СДСМ и коалицијата заклучија дека, имајќи ги предвид сите случувања и дека пандемијата се смирува и секој ден имаме се повеќе оздравени и помалку заболени, но и имајќи во предвид дека сите стручни лица, а тоа е дека многу веројатно пандемијата повторно може да земе замав на есен, сметаме дека изборите навистина треба да се случат на 14-ти јуни како еден оптимален датум. Секако дека ова говориме ако работите се движат понатаму онака како што веќе се движат со денови, во смисла на пандемијата. Изборите мора да се случат бидејќи ние се наоѓаме во ситуација да немаме Собрание во сосотојба каде ги замрзнавме изборите поради пандемијата и избори мора да има за да се избегне продлабочување на политичка, но и уставна криза“, кажа Калеска -Ванчева.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Одлука на Уставниот суд за Резолуцијата веднаш по најавите на Мицкоски и Николовски за носење „економски работници“

Уставниот суд ја отфрли иницијативата на СДСМ за Резолуцијата за миграцијата

Жерновски: Истрага за Гренел во САД – од Вашингтонскиот периметар не остана ниту милиметар

СДСМ: Јасно е дека кривичната против Јани Макрадули е по нарачка

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

„Платформа 12:05″: Изборите во Брвеница потврдија дека Филипче одработува за власта

Катерина Ѓуровски