(ВИДЕО) Калеска – Ванчева: Мицкоски и во време на криза тера политикантство

Од:

„Државата, сите институции се силно посветени на справување со здравствените и економски последици од коронавирусот. Само Христијан Мицкоски е посветен на партиски интереси и тера политикантство.

Дури и во ваква кризна состојба, Мицкоски не може да престане со лицемерието и лажните вести што секојдневно ги шири.

Наместо одговорност, Мицкоски не ги почитува мерките и задолженијата за спречување на коронавирусот и очајно се обидува да профитира врз несреќата на граѓаните“, рече Снежана Калеска-Ванчева, координаторка на Форум на Жени на СДСМ.

„Денес, нашата држава се соочува со најголемата здравствена криза во историјата, сега не е време на политикантство, туку за одговорност и посветеност, последиците врз економијата да бидат што помали.

За таа цел Владата донесе сет на мерки што имаат за цел да го ублажат ударот врз економијата и полесно да се преброди кризата.

200 милиони евра се обезбедени за првична помош на работниците, да се зачуваат работните места.

Со мерките се опфаќаат 250.000 работни места и 35.000 компании, но помош има и за спортистите, уметниците, занаетчиите, но и за лицата кои се дел од неформалната економија.

Сите вработени погодени од кризата ќе добијат по 14.500 денари за месеците април и мај, а оние кои останале без работа, ќе добиваат 50 отсто од платата што во просек ја добивале во последните 24 месеци.

Граѓаните и компаниите имаат можност за одлагање на плаќање на кредитите за три до шест месеци, а до 30 јуни нема да се преземаат извршни дејствија од страна на извршителите.

На микро, малите и средните претпријатија на располагање им се ставени кредити од 3 да се до 30 илјади евра, со 0 отсто каматна стапка и 6 месечен грејс период.

Ова е време кога солидарноста, меѓусебното помагање и поддршка се вредностите околу кои треба да се обединиме. Сите сме заедно во ова и само заедно можеме да ја победиме здравствената но и економска криза со која сме соочени.

Сега не е време за популизам, за дневна политика и лажни вести. Сега е потребна одговорност од сите, вклучително и од политичките партии. Сите капацитети да ги ставиме во надминување на кризата затоа што за секој од нас се работи“, изјави Снежана Калеска -Ванчева, координаторка на Форум на Жени на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Македонија заложник на туѓи агенди – ЕУ алармира на влијание од Србија, Унгарија, Русија и Кина

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Најдобриот виц оваа година е дека Максим Димитриевски бил коректор на власта, тој е обичен приврзок на Мицкоски

(ВИДЕО) Јанчева: Мицкоски не смее да му писне на Меџити за 200 дивоградби

(ВИДЕО) Шукова: Нов скандал во МВР, милионски тендер за возачки испити заврши кај советник на ВМРО-ДПМНЕ

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Чочекот е единственото што СДС знаат да го прават кога станува збор за капитални инфраструктурни проекти

(ВИДЕО) Талески: СДСМ заврши над 90 отсто од патот низ Фаришката клисура, ВМРО-ДПМНЕ повторно се кити со туѓи перја