(ВИДЕО) Калеска -Ванчева: Мицкоски е неодговорен, шири лажни вести, не ги почитува мерките за заштита и го загрозува здравјето на граѓаните

Од:

„Неодговорното однесување на Христијан Мицкоски во изминатите 2,5 годни се потврди и за време на најголемата пандемија со коронавирусот.

Во тешки времиња, Мицкоски шири лажни вести, неоснована паника а во медиумите се појавија видео снимки и фотографии кои покажуваат дека е крајно неодговорен и работи против здравјето на граѓаните.

Теретани, фитнес центри, прошетки на Водно, тоа е фокусот на Мицкоски“, вели Снежана Калеска -Ванчева, координаторка на Форум на Жени СДСМ.

„Наместо да помогне, Мицкоски одмага, шири лажни вести, дава негативен пример и поттикнува непочитување на мерките за заштита на најскапоценото, здравјето на граѓаните.

По објавената снимка од теретана, односно фитнес центар се поставуваат и други прашања.

Во кое својство, припадници на специјалната полиција го придружуваат Мицкоски во фитнес центар?

Дали наместо на располагање на граѓаните, Чулев и неговите кадри во МВР се ставени на располагање на Мицкоски?

Овие вонредни околности, од сите нас бараат одговорност и претпазливост, со цел брзо надминување на пандемијата. Очигледно тоа не важи само за Мицкоски и кадрите на ВМРО-ДПМНЕ во преодната влада.

Таквото несериозно, незрело и неодговорно однесување во време на здравствена криза ќе биде ценето од јавноста, од граѓаните“, изјави Снежана Калеска -Ванчева, координаторка на Форум на Жени СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Документите за Груевски во Правда се „институционално“ заглавени или намерно блокирани

Кузеска: Груевски мора да одговара пред законот

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Филипче се без концепт

СДСМ: Денес го одбележуваме Светскиот ден на слободата на медиумите, но во Македонија овој ден не го славиме туку го преживуваме

СДСМ: Судот ги доставил документите за екстрадиција на Груевски, зошто Филков ги држи во фиока?

(ВИДЕО) Кузеска: Обвинителството да отвори истрага за кинеските пари од унгарскиот кредит

Горан Наумовски