(ВИДЕО) Калеска Ванчева: Мицкоски уште еднаш призна, негова најголема болка е Законот за Обвинителство

Од:

„Извршителот на Никола Груевски, Христијан Мицкоски синоќа уште еднаш призна – негова најголема негова болка е Законот за Јавно обвинителство. Овој Закон обезбедува продолжување на сите предмети, обезбедува одговорност за сите кои се огрешиле пред законот и истиот е темел за градење силно и независно и професионално обвинителство. Токму тоа е она против кое Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се борат“, рече координаторката на Форум на жени и пратеничка на СДСМ, Снежана Калеска Ванчева.

Според Ванчева, Мицковски заедно со партијата марширал за неправда, против одговорност и против независно судство и исто како во времето на режимот со закануваше кон судии, обвинители, новинари и медиуми, а зад него биле старите, верни послушници и кочничари на европската иднина на државата.

„ВМРО-ДПМНЕ со одбрана на мафијата не може да донесе правда, со заштита на Груевски не може да донесе правна држава, а со обидите да се уништат предметите на СЈО не може да донесе владеење на правото. ВМРО-ДПМНЕ и понатаму е водено од обвинетите Антонио Милошоски, Илија Димовски, Игор Јанушев, Цветан Трипуновски и нивните шефови Груевски и Мицкоски. Тие се симбол на неправда и криминал и не можат да се борат за правда. Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ можат да протестираат против правдата, но криминалот на нивниот шеф од Будимпешта и криминалот на нивните сопартијци нема да го одбранат“, додаде Ванчева.

Би можело да ве интересира

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

А1он

(ВИДЕО) Штерјова: Бизнисот цвета – нова зделка со броила за струја вреден 13.3 милиони евра за српска фирма

А1он

Тренчевска: Една милијарда евра е зголемена дупката во ПИОМ

Имало ли одлука на Собранието на акционери на Лотарија за финансирање на прославата, прашува СДСМ