(ВИДЕО) Каевски: Започнуваме серија граѓански трибини „Силно и одлучно кон иднината“

Од:

„СДСМ со засилено присуство на терен, меѓу граѓаните. Од денеска започнуваме со серија граѓански трибини „Силно и одлучно кон иднината“ каде заедно со граѓаните отворено ќе разговараме за мерките и политиките на СДСМ, за нашата визија за иднината на нашата македонска држава“, вели Дарко Каевски, пратеник и портпарол на СДСМ.

„А нашата визија е економски силна и стабилна држава, полноправна членка на ЕУ, до 2030 година, со заштитен македонски јазик и идентитет.

Централниот караван почнува во Битола во Домот на културата од 18.30 часот. Граѓански трибини со почеток во 17.00 часот ќе се одржат и во целиот регион, односно и во Ресен, Новаци, Могила и Демир Хисар.

Овие трибини се добра можност одблиску да ги претставиме ефектите од мерките на СДСМ, но и изворно да се запознаеме со барањата и потребите на граѓаните, да ги чуеме нивните ставови и идеи.

Како одговорна партија се грижиме за граѓаните и за животниот стандард во време на криза. Но истовремено гледаме и напред, за нашите деца да можат горди и со крената глава да ја градат својата иднина дома, во земја членка на ЕУ.

СДСМ останува со граѓаните, продолжува да работи на мерки и политики што го унапредуваат животниот стандард и носат развој на државата. Продолжуваме, силно и одлучно кон иднината“, изјави Дарко Каевски, пратеник и портпарол на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче ја нападна платформата „12:05“: Шизофрен собир на пучисти, шемаџии и сателити на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

СДСМ: Добивме опомена за тужба од АТС Груп и Шефшет Демировски, нема да се извиниме

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

А1он