(ВИДЕО) Каевски: Во секоја општина каде што владее ВМРО-ДПМНЕ се случува хаос и нефункционалност

Од:

„Хаосот што ВМРО-ДПМНЕ го прави во Скопје е само пример како оваа партија раководи со општините каде ја има локалната власт. Речиси и да нема општина предводена од ВМРО-ДПМНЕ каде нема хаос и нефункционалност, каде нема партизација, расипничко трошење на парите и зголемување на општинските услуги“, рече Дарко Каевски, пратеник и портпарол на СДСМ.

„Општина Штип, градоначалникот Иван Јорданов и мнозинството во Советот од ВМРО-ДПМНЕ ги зголемија цените на данокот на промет, а претходно значително ја поскапеа цената за такси превоз и надоместокот за ѓубретарина.

За секретарката на општина Штип и блиска соработничка на градоначалникот постојат сериозни обвинувања дека гради дивоградба.

Масовна партизација се случува во општина Охрид, каде во општината и јавните претпријатија се вработени над 50 партиски војници, а цените на комуналните услуги се поскапени.

Поскапи комунални услуги и паркинг плаќаат и граѓаните на општина Прилеп, додека локалната власт од ВМРО-ДПМНЕ нема реализирано ниту еден важен проект во изминатата година.

Во Битола општински пари се доделуваат на портпаролот на ОК ВМРО-ДПМНЕ и неговата сопруга, а службените возила на јавните претпријатија се злоупотребуваат за лични патувања и потреби.

Во општина Велес исто така има поскапување на комуналните услуги и масовна партизација на јавните претпријатија, а идентично е и во Виница, Радовиш и неколку други помали општини раководени од ВМРО-ДПМНЕ.

Образецот на владеење на ВМРО-ДПМНЕ е идентичен секаде, не се работи, нема нови проекти, но затоа има поскапи услуги за граѓаните и партизација на општинската администрација и јавните претпријатија.

Една година локална власт е една година уназадување на Град Скопје и други 40ина општини.

ВМРО-ДПМНЕ и шпицниот градоначалник Христијан Мицкоски работат за лични и бизнис интереси, секогаш на штета на интересите на граѓаните“, изјави Дарко Каевски, пратеник и портпарол на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) СДСМ: Нова бомба – тендер од 1,2 милиони евра за фирма без работници блиска до ЗНАМ

А1он

СДСМ: Нема да нè замолчите, обидите за уривање на СДСМ одвнатре ќе бидат спречени

А1он

СДСМ: Поднесуваме нова претставка за навредите и омразата на Бранко Героски

Предраг Петровиќ

СДСМ: УЈП собира арач – фали една милијарда евра во буџетот

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Штерјова: Има пари за тендери нема пари за скопјани – таков Буџет 2026 предлага Георгиевски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: 100 милиони евра загуба – кој профитира од увозот на струја?

Горан Наумовски