(ВИДЕО) Каевски: ВМРО-ДПМНЕ побара поскап леб за народот

Од:

„ВМРО-ДПМНЕ денеска јавно побара поскап леб за граѓаните. Среде криза, наместо да застане во заштита на стандардот на граѓаните, наместо да застане зад народот, ВМРО-ДПМНЕ застана во одбрана на милионски профити. Заслепени од луксузот во Белиот дворец, ВМРО-ДПМНЕ е против стандардот на народот“, рече Дарко Каевски, пратеник и портпарол на СДСМ.

„Тоа е истата криминална партија која 11 години ги осиромашуваше граѓаните.

ВМРО-ДПМНЕ беше против минималната плата, против помошта за граѓаните во време на ковид падемијата, против антикризните мерки во време на светска енергетска и економска криза.

Уште еднаш се потврди дека СДСМ е на страната на граѓаните штитејќи го нивниот стандард. ВМРО-ДПМНЕ е на страната на профитерите, на оние кои злоупотребуваат мерки за помош на граѓаните.

Со помошта од државата за далеку поевтина цена на струјата, со моменталните цени на брашното, на горивата и гасот, 450 грама леб не би требало да има цена повеќе од 33 денари вклучувајќи 6 денари како профит што останува кај пекарите

Додека Димитар Ковачевски го штити стандардот на граѓаните, Христијан Мицкоски застанува зад профитерите во време на криза.

Денешниот став на ВМРО-ДПМНЕ за пекарниците е идентичен со ставот на Димитар Апасиев и Левица, кои исто така јавно поддржаа повисока цена на лебот за граѓаните.

Апасиев, лажниот борец за работнички права прв се јави, Мицкоски само ги следи неговите насоки објавени на социјалните мрежи.

Но во Белиот дворец треба да знаат дека никој не е над народот и над граѓаните. Нема да дозволиме народот да осиромашува а некој да се богати на нивна сметка“, изјави Дарко Каевски, пратеник и портпарол на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

(ВИДЕО) СДСМ и ДУИ ја прозваа Владата за величањето на Младиќ: „Обвинителството да постапи“, ВЛЕН е соодговорен

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Дата-центрите се иднината на човештвото, вели Мицкоски: Опозицијата користи застарени аргументи

Шест недели молк – СДСМ прашува зошто се крие целосниот извештај за водата во Гостивар

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Апелација да постапи веднаш – „Талир 2“ не смее да заврши со спас на Никола Груевски

СДСМ: Стратешкото партнерство со САД оди заедно со членството во ЕУ

Горан Наумовски