(ВИДЕО) Каевски: Скандал, директори поставени од ВМРО-ДПМНЕ злоупотребуваат македонски ученици за бугарскиот клуб Иван Михајлов

Од:

„На виделина е нов скандал на ВМРО-ДПМНЕ поврзан со бугарскиот клуб Ванчо Михајлов. Додека лицемерот Христијан Мицкоски лажно се претставува во Бугарија негови кадри злоупотребуваат ученици во интерес на бугарскиот клуб „Ванчо Михајлов“, рече Дарко Каевски, пратеник и портпарол на СДСМ.

„Кадри на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски носат малолетни деца на средби со финансиерот на Ванчо Михајлов. Жанета Сирвини е поставена за директор на средно техничко училиште во Битола токму од ВМРО-ДПМНЕ односно градоначалникот на Битола, Коњановски, пред околу 3 месеци.

Повикуваме на брза реакција на сите надлежни институции, МОН, надлежните инспекторати и бараме одговорност за оваа злоупотреба на македонските деца, ученици и студенти.

Лицемерот и спинеротот Мицкоски, да излезе веднаш и да побара отчет од неговиот градоначалник Коњановски и одговорност, од него и од директорката поставена од ВМОР-ДПМНЕ.

Ќе направи ли Мицкоски сега вонреден отчет за неговиот градоначалник?

ВМРО-ДПМНЕ додека не се откаже од континуитетот на Ванчо Михајлов бадијала лажно се претставува.

Ова, почитувани е вистинското лице на ВМРО-ДПМНЕ како антидржавна, антинародна партија, која злоупотребува малолетни лица во политички цели.

Ова ги потврдува врските на ВМРО-ДПМНЕ со клубот Ванчо Михајлов, чиј претседател но и членови се фотографирани со Христијан Мицкоски и други функционери на партијата“, изјави Дарко Каевски, пратеник и портпарол на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски

Филипче обвини дека Петре Шилегов одработува за ВМРО

Катерина Ѓуровски