(ВИДЕО) Каевски: СДСМ се грижи за граѓаните, шпицниот за тендери, ВМРО-ДПМНЕ удира по џебот на граѓаните за провизии

Од:

„Во време на најголема економска и енергетска криза Владата предводена од СДСМ и премиерот Димитар Ковачевски преземаат навремени мерки за заштита на граѓаните и фирмите. Обезбедени се храна, струја и енергенси за претстојната зима. Владата субвенционира 80 отсто од сметката за електрична енергија за над 600.000 домаќинства и над 70.000 мали и средни компании“, рече Дарко Каевски, пратеник и портпарол на СДСМ.

„Со мерката за основните и средните училишта кои се префрлаат на регулираниот пазар, обезбеден е наставниот процес со физичко присуство во зима.

Поевтина електрична енергија е обебзедена и за болниците и здравствените установи.

Парно во Скопје ќе има за целата грејна сезона благодарение на тоа што го презема Владата откако ВМРО-ДПМНЕ покажа неспособност и се откажа.

Додека СДСМ и Ковачевски преземаат мерки за надминување на енергетската криза, ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски се посветени на тендери и провизии.

Последно, се скараа за тендер од 136 милиони евра во Скопје и самите се фатија со рацете во медот.

Скопје и општините кои ги раководи ВМРО-ДПМНЕ стојат една година, не се реализираат проекти.

Шпицниот градоначалник Мицкоски со неговите градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ вртоглаво ги покачуваат комуналните услуги и директно брцаат со рацете во џебот на граѓаните.

Секаде каде што е ВМРО-ДПМНЕ локална власт се покачуваат локалните комунални услуги, на штета на граѓаните.

Во Прилеп комуналните услуги се покачени за 67 отсто, во Штип за 40 отсто, во Велес јавниот превоз е зголемен за 40 отсто, додека во општина Охрид покачени се и јавниот превоз и комуналните услуги.

Наместо мерки за помош на граѓаните и работа, шпицниот градоначалник Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ мислат на тендери и удираат по џебот на граѓаните.

Тоа е голема, суштинска разлика.

СДСМ се грижи за граѓаните во време на криза, шпицниот градоначлник Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се грижат само за тендери и провизии“, изјави Дарко Каевски, пратеник и портпарол на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: САД најавуваат закон за санкции за Вучиќ во Србија, дали Мицкоски мирно спие?

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Кузеска: Измените на Законот за странци нов доказ за вистината

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Уставниот суд да ја поништи неуставната Резолуцијата, да го заштити Уставот и слободата на говор

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Реформи и консолидација во СДС може да има само со превземање одговорност и оставка на Филипче

СДСМ: Заедно со граѓаните и со опозициските политички партии отвораме фронт за правда