(ВИДЕО) Каевски: СДСМ и мнозинството ќе ги искористат деловничките можности да се усвои ребалансот на Буџетот

Од:

„ВМРО-ДПМНЕ веќе подолг временски период го прави истото што го прави односно што го најави во Собранието, впрочем новитет беше само тоа што го официјализираа бојкотот со којшто се обидуваат да ги опструираат и блокираат важни закони којшто треба да се донесат за граѓаните, некаде околу седумдесетина. Како што и сами напоменавте ребалансот ќе се најде за многу скоро пред пратениците, јас не очекувам дека ќе биде блокиран напротив ние како владејачко мнозинство сме подготвени да ги искористиме сите алатки и сите можности којшто ги дава и деловникот се со цел да го донесеме и ребалансот и останатите закони затоа што е важно во вакви услови кога се соочуваме со енергетска и економска криза, важно е да се носат суштински реформски закони, да се донесе и ребалансот и сето она што е во насока да го подобри стандардот на граѓаните и секако да помогне полесно да се справат граѓаните со последиците од овие кризи“, одговори Дарко Каевски, портпарол и пратеник на СДСМ на новинарско прашање.

„Очекувам дека ќе надвладее и разумот и кај останатите пратеници којшто доаѓаат од опозицијата впрочем ние секојдневно во Собранието слушаме голем број на пратеници којшто доаѓаат од редовите на опозицијата, од редовите на ВМРО-ДПМНЕ дека ова што се прави не е добро и дека треба да заврши,да се донесат и да се помогне на граѓаните. Очекувам дека разумот на тие пратеници ќе надвладее и дека конечно ќе почнат да работат во функција на граѓаните и заеднички ќе носиме суштински и важни закони, впрочем тоа е поентата и оној апел со којшто секојдневно ние повикуваме да отвориме суштински материјална расправа по законите и доколку имаат конкретни решенија и предлози за да се подобри законскиот текст и да се подобрат тие закони, зеднички да дискутираме, да дебатираме и да го донесеме најдоброто решение.

Тоа е нешто што граѓаните го очекуваат од нас, тоа е нешто што мораме заеднички да го направиме и нешто што е потребно и нужно за да се донесат суштински, важни решенија за граѓаните во овие исклучително тешки периоди, во време кога се соочуваме со најголемата економска и енергетска криза, важно е да имаме опозиција која што нема да опструира и блокира туку ќе соработува и секако заеднички ќе носиме решенија“, кажа Каевски.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Реформи во ВМРО, наместо нови лица – стара банда

(ВИДЕО) СДСМ: Криминалецот Симе пука и го цитира Шешељ

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Лицемерие на Филипче и СДС, во Собрание гласаа против „Безбеден град“, а сега велат да се казнат тие што сакаат да возат нерегистрирани возила и без возачка

СДСМ: Мицкоски не сака да ги покачи платите на работниците, нема веќе изговори, сè е јасно како ден

Горан Наумовски

Петрушевски: Двојни аршини на СДС и Филипче, велат дека треба да се казнат оние кои сакаат да возат без возачки, а од друга страна гласаат против имплементација на „Безбеден град”

Тренчевска: Решението на СДСМ значи поддршка на работниците за 600 евра плата и поддршка на компаниите