(ВИДЕО) Каевски: Прв и главен паразит на ВМРО-ДПМНЕ е Христијан Мицкоски

Од:

„Христијан Мицкоски е прв и главен паразит на ВМРО-ДПМНЕ. За време на неговата кариера како советник за енергетика, директор на АД ЕЛЕМ, но и по разрешувањето, за Мицкоски биле исплатени над 93.000 евра. Како советник на Никола Груевски и Емил Димитриев за енергетика во периодот од април 2015 до октомври 2016 година, секој месец добивал хонорар од 1.100 евра. За советување вкупно му се исплатени околу 50.000 евра“, рече Дарко Каевски, пратеник и портпарол на СДСМ.

„Потоа како директор и претседател на Управниот одбор на некогашен АД ЕЛЕМ за само десет месеци, во периодот од септември 2016 до август 2017 година, од буџетот инкасирал над 1,9 милиони денари или над 31.000 евра.

Неговата месечна нето плата во ЕЛЕМ изнесувала 98.000 денари нето.

Покрај што земал хонорари и плата од АД ЕСМ Мицкоски добивал надоместок и после неговото разрешување.

Иако по разрешувањето од функцијата директор и претседател на Управниот одбор се вратил да работи како професор на факултет за 12 месеци на име разлика во плата од АД ЕСМ добивал месечно 60.444,00 денари.

За 12 месеци му се исплатени вкупно 805.920,00 денари бруто.

По раскинување на менаџерскиот договор, примил уште над 13.000 евра пари од граѓаните.

Покрај Мицкоски и Гордана Кочоска Димитриевска примала надомест по разрешувањето од функцијата член на управен одбор и директор за финансии на тогашното АД ЕЛЕМ.

Гордана Кочоска Димитриевска уште една година примала цела плата од 66.432 денари нето.

Во периодот додека била член на управниот одбор и директор за финансии од февруари 2014 година, до август 2017 година за плати за Кочоска Димитриевска биле исплатени 4.148.608,00 денари или повеќе од 67.000 евра.

Еве кои се вистинските паразити и по разрешување од функцијата продолжиле да земаат пари од граѓаните иако можеле да се откажат од таквата придобивка.

ВМРО-ДПМНЕ е партија на паразити кои со години земале државни пари и се богателе на сметка на граѓаните, кои тогаш тонеа во долгови и сиромаштија“, изјави Дарко Каевски, пратеник и портпарол на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Зад рудникoт за антимон во Крива Паланка стојат донатори на ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе закон: двојно државјанство да немаат ниту министрите во Владата и да важи веднаш

СДСМ: Груевски има унгарски и српски пасош

Филипче: Лажниот патриотизам заврши, власта ја враќаме назад кај граѓаните

А1он

Петровска: СДСМ не се само четири букви, многу повеќе од статистика и празни фрази

А1он

(ВИДЕО) Кузеска: Со празни фижидери најдобро знаат за бајките на Мицкоски за 3-та економија во Европа