(ВИДЕО) Каевски: Препораките на Комисијата ги демантираа сите лаги на ВМРО-ДМНЕ за наводно бришење и менување на историјата

Од:

„Со усвоените Препораки на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања, паднаа во вода сите лаги на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски. Денеска стана јасно дека во тие препораки нема ништо спорно, нема ништо затскриено, нема никакво бришење или менување на историјата, нема историја по бугарски терк како што лажеа Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ“, рече Дарко Каевски, пратеник и портпарол на СДСМ.

dobivaj vesti na viber

„Усвоените препораки за одредени учебници во основното образование се на база на реципроцитет и истите ќе бидат доставени и до македонската но и до бугарската влада.

Ова се препораки усвоени од стручна и независна комисија без какви било политички влијанија.

Заедничкото чествување на историските личности како светите браќа Кирил и Методиј, Наум и Климент Охридски како и Цар Самоил дополнително ќе ја зајакне одговорноста на двете држави во зачувувањето на сеќавањето на овие личности.

Сето ова ги демантира грубите лаги на ВМРО-ДПМНЕ кои се месеци ги вознемируваа граѓаните и се обидуваа да создадат нови поделби.

Уште еднаш се виде дека ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски сакаат да го нарушат процесот на решавање на отворените прашања со Бугарија.

Тоа е антидржавнничко, неодговорно, несериозно постапување на дело.

Христијан Мицкоски е наследник на Иван Ванчо Михајлов, затоа што и тој и раковдството на ВМРО-ДПМНЕ се повикуваат на континуитетот а во тој континуитет се и Ванчо Михајлов и Тодор Александров.

За разлика од таквиот однос на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, Владата предводена од СДСМ продолжува да бара решенија за отворените прашања, при тоа заштитувајќи ги македонскиот идентитет, македонската историја и самобитност.

Продолжуваме со грижа за државни и националните интереси, продолжуваме со реализација на стратешките цели на нашата држава“, изјави Дарко Каевски, пратеник и портпарол на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Каевски: Институциите да ја испитаат улогата на Мицкоски во спорниот тендер

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ е криминална партија, затоа Мицкоски молчи за тендерот од 136 милиони евра

Катерина Павлова-Николовска

СДСМ: Ковачевски со Бајден, Мицкоски со Апасиев, тоа е разликата

Ана Ололовска

СДСМ: Улогата на шпицниот градоначалник Мицкоски во тендерот од 136 милиони евра да се утврди институционално

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Митрески: Со злоупотреби, ВМРО-ДПМНЕ ја одолговлекува работата на комисиите во Собранието на штета на граѓаните

Ана Ололовска

Каевски: За расколот и кавгите за медот, ВМРО-ДПМНЕ да ги бараат проблемите кај себе

Ана Ололовска