(ВИДЕО) Каевски: Откако пропаднаа блокадите на ВМРО-ДПМНЕ, да не се одолговлекува, да се донесат 30 закони кои чекаат во Собранието

Од:

„Откако неуспешните блокади на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието пропаднаа, невидените чекори од Белиот дворец се сведоа на протест кој треба да се одржи за еден месец од сега. Секако, протест е демократско право на опозицијата. Но, тоа што на Мицкоски му треба цел месец за да организира еден протест, тоа говори за внатрешните проблеми што тој ги има за да ја задржи фотелјата во Белиот дворец“, рече Дарко Каевски, пратеник и портпарол на СДСМ.

„Сега, откако неуспешните блокади проападнаа, редно е пратениците од ВМРО-ДПМНЕ да ги закажат седниците на Комисиите на кои кочат важни закони за граѓаните. Затоа што се виде дека одолговлекувањето не носи ништо, никој не добива, а граѓаните чекаат.

Да не се одoлговлекува туку веднаш да се закаже Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство, да се усвојат измените со кои на над 17.000 тутунари ќе им се исплатат над една милијарда и триста милиони денари субвенции.

Да не се одoлговлекува туку да се донесе Законот со кој се обезбедуваат 25 милиони евра за фотонапонски централи со моќност ид 30 kw. На среде економска и енергетска криза. Да не се одолговлекува туку да се донесе Законот за намалување на прагот на ДДВ за регистрација на фирми, што е многу важно за компаниите.

Да не се одолговлекува туку да донесат 30-тина закони за намалување на казните, односно усогласување со Законот за прекршоци. Народот не сака блокади а во време на најголема економска и енегетска криза и обиди за вешташко создавање криза е недоговорно.

СДСМ и парламентарното ќе продолжи да работи за граѓаните, да носи мерки и политики за поддршка на стандардот на граѓаните и компаниите во време на најголема светска економска криза. Нема да дозволиме неодговорни политичари за спас на својата фотелја да ја закочат државата.

Парламентарни избори ќе се одржат во редовден термин во 2024 година а ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски на тие избори повторно ќе добијат пораз и дебакл“, изјави Дарко Каевски, пратеник и портпарол на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Зад рудникoт за антимон во Крива Паланка стојат донатори на ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе закон: двојно државјанство да немаат ниту министрите во Владата и да важи веднаш

СДСМ: Груевски има унгарски и српски пасош

Филипче: Лажниот патриотизам заврши, власта ја враќаме назад кај граѓаните

А1он

Петровска: СДСМ не се само четири букви, многу повеќе од статистика и празни фрази

А1он

(ВИДЕО) Кузеска: Со празни фижидери најдобро знаат за бајките на Мицкоски за 3-та економија во Европа