(ВИДЕО) Каевски: Обвинителство да ги истражи сите наводи за Мицкоски за рекет и закани кон бизнисмени

Од:

„Откако во јавноста излегоа сведоштва за наводен рекет и закани од страна на Христијан Мицкоски, сега на ред е Јавното обвинителство. Овие сериозни обвинувања за нови криминални шеми на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски доаѓаат од актуелен градоначалник на скопска општина и од долгогодишен бизнисмен“, рече Дарко Каевски, пратеник и портпарол на СДСМ.

„Има индиции дека некој се обидува да ги рекетира луѓето, дури и закани кон стопанственици дека еден ден кога ќе дошле на власт дека тие ќе биле затворени и така натаму. Срамота е за некој што сè уште не дошол на власт да се заканува.“ рече градоначалникот во изјава која се однесуваше на Мицкоски.

Истовремено, слично тврдење имаше и бизнисменот кој рече: (цитирам) Јавно го повикувам Мицковски да престане да ми се заканува, никој не му се плаши, и никој не му е крив што можеби сакал да се омрси од Делчевските кримоси кои го опљачкаа и ЕВН.

Ова, почитувани, воопшто не се наивни тврдења. Јавноста преку судските пресуди виде за каков се криминал е способна ВМРО-ДПМНЕ, но очигледно и по пресудите во оваа партија ништо не се менува.

Затоа, надлежните институции, првенствено Јавното обвинителство мора да постапи и да ги истражи овие наводи.

Мицкоски мора да знае дека заврши времето кога некој беше недопирлив и над законите. Денес правдата законот важи за сите, а правосудниот систем работи ефикасно и ослободено од политички притисоци“, изјави Дарко Каевски, пратеник и портпарол на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Молкот на власта за скандалот со 5 тони дрога е потврда дека се штитат виновните

СДСМ: Нова слика на Мицкоски – старо друштво

СДСМ: „Буџетот не е во најдобра состојба“ – оваа изјава на Божиновска е доказ дека фалат 2 милијарди евра

А1он

СДСМ: За да се впушти во борба против криминалот и корупцијата Мицкоски треба да се уапси самиот себе

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Пет тони дрога поминале низ Македонија, кој ќе одговара за картелскиот скандал?

СДСМ: Скандал со повлекувањето на Кедев, дали Жан излезе со клевети за Филипче за да се спаси

Катерина Ѓуровски