(ВИДЕО) Каевски: Најголемите лаги на Мицкоски во 2022 година – Не сме во коалиција со Арсовска

Од:

„Цела 2022 година ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски ширеа лаги во јавноста. Меѓу најголемите лаги е дека ВМРО-ДПМНЕ не била во коалиција со Данела Арсовска. Очајни се обидите на ВМРО-ДПМНЕ да се оттргнат од Арсовска“, вели Дарко Каевски, пратеник и портпарол на СДСМ.

„Факт е дека таа беше нивен кандидат за градоначалник, дека токму Мицкоски и раководството на ВМРО-ДПМНЕ бараа поддршка од граѓаните за Арсовска, факт е дека таа победата ја славеше во Белиот дворец.

Поддршката од советниците на ВМРО-ДПМНЕ за Буџетот за 2023 година предложен од Арсовска е последниот доказ дека коалицијата Мицкоски – Арсовска – Левица и натаму функционира, а дека кавгите меѓу Арсовска и Мицкоски биле само заради тендери.

Сета одговорност за катастрофата што му се случува на Скопје е кај ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски и тоа не може да се промени со ниту една лага, со ниту еден обид за дистанцирање. Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се најголемиот извор на лажни вести. На Мицкоски не може да му се верува“, изјави Дарко Каевски, пратеник и портпарол на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски

Филипче обвини дека Петре Шилегов одработува за ВМРО

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесува пакет-закони за намалување на цените на горивата и храната

Катерина Ѓуровски

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни

Филипче предлага намалување на ДДВ-то за горивата од 18 отсто на 5 проценти, намалување на акцизата за 4 денари и нула ДДВ за храната