(ВИДЕО) Каевски: Ја унапредуваме слободата на медиумите, напредок за 33 места на листата на Репортери без граници

Од:

„Заштита на слободата на изразување и медиумските слободи се еден од важните приоритети за Владата предводена од СДСМ. Од првиот ден од мандатот посветени сме на градење слободно општество каде правата и слободите на новинарите, на медиумите се неприкосновени“, рече Дарко Каевски, портпарол и пратеник на СДСМ.

„Доказ за успешноста на тие политики се и извештаите на реномирани меѓународни организации. Република Северна Македонија во 2022 година забележа скок од 33 позиции на листата на „Репортери без граници“ во однос на минатата година.

Од 90тата, сега сме на 57тата позиција на листата, далеку пред многу држави од нашето соседство.

За разлика во време на 11 годишниот режим кога бевме категоризирани како заробена држава, кога се апсеа новинари и се затвораа медиуми, денес Северна Македонија постојано напредува кога станува збор за слободата на медиумите.

Институциите денес се многу повеќе транспарентни, а новинарите слободно ја вршат својата работа. Сето ова за нас е дополнителен мотив уште повеќе да ја штитиме и унапредуваме слободата на говор и изразување“, изјави Дарко Каевски, портпарол и пратеник на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Според ММФ, Македонија е меѓу последните европски економии според БДП по жител

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Македонија на дното, 41 место во Европа – ММФ ги разби бајките на Мицкоски за трета економија

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: СДС е спотер, а сватот на Али Ахмети акционер

(ВИДЕО) Поповиќ: Мицкоски е во паника за Алта банка – по моделот на Вучиќ сака да ја замолчи опозицијата

СДСМ: Мицкоски панично ја брани банката на Вучиќ, сака да се заташка случајот

Во ВМРО-ДПМНЕ на Извршен заклучиле дека СДСМ сака да ја сруши Алта банка

Катерина Ѓуровски