(ВИДЕО) Каевски: Историско поглавје од преговорите со ЕУ, започна скрининг процесот

Од:

„Денеска Република Северна Македонија започнува ново, историско поглавје во евроинетгративниот процес. По 17 години чекање ги започнавме преговорите а денеска започнува започнуваме скрининг – процесот кој е составен дел од преговорите за членство во Европската Унија. Овој скриниг процес е поделен на два дела: на објаснувачки и билатерален“, рече Дарко Каевски, портпарол и пратеник на СДСМ.

„Денеска започнува објаснувачкиот скрининг кој треба да заврши најдоцна до ноември 2023 година. Важно е да се напомене дека овој дел од скриниг процесот го минавме во периодот 2018 и 2019 година и дека сега не почнуваме од нула, туку продолжуваме од таму каде што сме застанале, што е исклучителна предност.

Според проценките усогласеноста со европското законодавство е околу 40 отсто, што зборува за посветеноста на државата во овие последни неколку години, што побрзо да ги исполни критериумите за членство во Унијата.

Започнавме преговори со ЕУ, како Македонци, со македонски јазик во Унијата и заштитен македонски идентитет, македонска посебност.

Тоа е придонес на сите пратеници кои гласаа во Собранието, за да продолжи европски пат.

Сега е важно да се изгради консензус, да се стават во функција сите расположливи капацитети во процесот на преговори.

Опозицијата конечно да се откаже од блокади и деструкции со кои се обидува да го попречи напредокот на државата кон ЕУ.

Членството во ЕУ е врвна стратешка цел на државата и не треба да се сведува на политиканство и гола дневна политика.

Сега е потребна посветена работа, спроведување на потребни реформи со цел Северна Македонија до 2030 година да ги заврши преговорите и да стане членка на ЕУ“, изјави Дарко Каевски, портпарол и пратеник на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски