(ВИДЕО) Каевски: Фридом Хаус ги потврди успешните политики на Владата за заштита на човековите права и слободи

Од:

„Државата се движи во добар правец и тоа е препознаено и потврдено од меѓународни релевантни организации.

Најновиот извештај на Фридом Хаус, нотира напредок на Република Северна Македонија од три поени во споредба со минатата година.

Генералната оценка на најновиот извештај на Фридом Хаус е дека Владата на повторно избраниот премиер Зоран Заев направила пресврт во однос на повеќе годишното претходно уназадување на демократијата“, рече Дарко Каевски, пратеник на СДСМ.

„Ова, почитувани граѓани е силен и неоспорлив доказ за успешните политики на СДСМ и премиерот Заев, за слободата и демократијата која сега ја живееме.

Во Извештајот е потенциран новиот забележителен напредок на нашата земја, пред се во поглед на изборите, стабилниот напредок во реформите, како и активната вклученост на медиумите и граѓанското општество во интензивниот јавен дискурс.

Забележан е прогрес во поддршката на граѓанското општество со јасна забелешка дека дел од граѓанските организации и натаму укажуваат на притисок врз нивното работење од страна на ВМРО-ДПМНЕ.

Фридом Хаус нотира дека е потребно да продолжи практикувањето на законските можности за зајакнување на независната работа на судиите.

Истовремено, Извештајот констатира дека работата на невладините организации е слободнa и безбеднa со сериозни промени за разлика од периодот до 2017 година, а нотирано е дека расте бројот на критички и независни медиуми особено на онлајн платформите.

Времето кога нашата татковина беше препознаена како заробена и изолирана држава заврши со падот на режимот на ВМРО-ДПМНЕ и тоа е потврдено и од меѓунардони реномирани организации.

Како одговорна партија предводник на институциите продолжуваме со креирање и реализација на мерки и политики што значат заштита и унапредување на човековите права и слободи и поголема демократизација на целокупното општество“, изјави Дарко Каевски, пратеник на СДСМ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ да каже дали Филипче е во Дубаи и по кој основ се стекнал со златната виза

СДСМ по изјавата на Бране Петрушевски: ВМРО-ДПМНЕ донесе закон со кој се намалија казните

Спасовски: Законот за Кочани беше можност да покажеме единство, солидарност и промена на системот

СДСМ: Реформските закони за правосудство ги нема, Филков да не ги опструира работните групи

И Таравари виде дека Мицкоски ја води државата во провалија, велат од СДСМ

Катерина Ѓуровски

Бендевска: Штабовите на СДСМ се како музеи на политичка археологија – затворени, запрашени, заборавени