(ВИДЕО) Каевски: Апасиев е реална закана за европската иднина, а Мицкоски е негов заложник

Од:

Левица, не треба да се потценува, бидејќи како што поминува времето, таа и Апасиев ќе го земат Христијан Мицкоски како нивен заложник, изјави пратеникот и портпарол на СДСМ, Дарко Каевски.

Каевски смета дека Мицкоски е слаб, нема визија и став, а е послушник на Никола Груевски, но затоа, како што заканата од Левица расте, Мицкоски станува се поекстремен, а тоа го покажал и со изјавата дека ВМРО-ДПМНЕ е континуитет на делата на Ванчо Михајлов, смета портпаролот на СДСМ.

„Апасиев и Левица се реалната закана за европската иднина на државата. Нивната политика нема да ја направи земјата посилна туку послаба ако запреме на патот кон ЕУ. Ќе запре помошта од ЕУ, ќе немаме пристап до европските фондови, ќе завладее неизвесност, младите ќе побегнат во други европски земји. Македонскиот идентитет повторно ќе го доведуваат под прашање. Се што досега постигнавме ќе го загубиме. Пироманите од Левица се посилни затоа што Мицковски станува се послаб“, рече Каевски.

Додаде дека СДСМ нема да дозволи тоа да се случи, бидејќи Европската унија е нашата најдобра опција за сигурна македонска иднина.

Би можело да ве интересира

Онлајнмедиа со осуда за прес конференцијата на СДСМ: Партијата не смее да дискредитира медиуми

(ВИДЕО) Филипче: Оваа власт не ја сака Европа – сака контрола, капитал и изолација

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Фрчкоски: Медиумски октопод на Орбан како политичка алатка на ВМРО во Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Сѐ што има Мицкоски е стекнато чесно и законски

Горан Наумовски

СДСМ: На македонскиот работник му се потребни 12 години за да заработи колку што чинат часовниците на Мицкоски

Горан Наумовски

За СДСМ, Законот за пушење е дефокус на власта